Судот на Флорида воведува забрана на абортус по шест недели од бременоста

Врховниот суд во Флорида „го отвори патот“ за шестнеделната забрана на абортусот да стапи на сила, но им дозволува и на граѓаните да се изјаснат за ова прашање, пишува „Би-Би-Си“.

Судиите ја потврдија државната 15-неделна забрана на абортус, односно забрана за абортус по 15 недела од бременоста, а наскоро може да започне последователно донесената одлука за забрана на абортус по шестата недела од бременоста. Но, Судот ќе им дозволи на граѓаните да одлучат дали правата на абортус треба да бидат запечатени во државната повелба.

Повеќето Американци го поддржуваат легализираниот абортус, но голем дел и се залагаат за ограничување.

Иницијативата за гласање за абортус би можела да ги поттикне либералните гласачи да излезат на гласање во претседателската држава што е конзервативна според последните изборни циклуси.

Вчера, судиите назначени од Републиканците на Флорида со 6 – 1 одлучија дека уставот на државата, особено заштитата на нејзината приватност не се применува на пристапот до абортус.

Пресудата ја потврди постоечката одлука за забрана на абортус по 15-та недела од бременоста донесена во 2022 година.

Пред една година републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис потпиша закон за шестнеделна забрана за абортус, но тој закон беше потпишан и ставен во мирување додека одлуката за 15-неделна забрана не ги расчисти правните предизвици.

По вчерашната пресуда, законот за забрана на абортус по шестата недела од бременоста се очекува да стапи на сила во следните 30 дена, додека истовремено, многу жени не се свесни дека се бремени до својата шеста недела.

„Планирано родителство“ што управува со клиника која нуди можност за вршење абортус и Американската унија за граѓански слободи беа меѓу групите кои поднесоа тужба оспорувајќи ја забраната.

Во посебна пресуда вчера, Врховниот суд одлучи со 4 гласови наспроти 3 дека предложениот уставен амандман ќе го заштити пристапот до абортус во ноември годинава која ќе може да биде вклучен на гласачките ливчиња на изборите.

Прашањето за гласачкото ливче ќе побара од Флоридијанците да гласаат „за“ или „против“ за изјавата која гласи: „Ниту еден закон не го забранува, казнува, одложува или ограничува абортусот пред да биде изводлив или кога е неопходно да се заштити здравјето на родителот“. Изводливо се однесува на тоа кога фетусот или нероденото дете може да преживеат надвор од матката што е вообичаено до 24 недели.

Тука се додава „Овој амандман не го менува уставното овластување на судот да бара известување до родителот или старателот пред малолетник да абортира“.

На прашањето за гласачкото ливче се спротивставија гувернерот Де Сантис и јавниот обвинител на Флорида Ешли Муди, кој исто така е републиканец.