Аптеките во САД со новото правило ќе може да препишат таблети за абортус

Малопродажните аптеки во САД отсега може како овластени препишувачи да ги издаваат апчињата „Мифепристон“ наменети за абортус, што е првпат откако Врховниот суд го укина федералното право на абортус во јуни годинава.

Одлуката за промена на правилата за набавка на овие апчиња ја донесе Белата куќа. Сепак, на сила останува дека на секој пациент му е потребен рецепт за да купи од таблетите, но отсега ќе може да ги подигне во продавница или во пошта.

Овој потег би можел значително да го прошири пристапот до абортуст преку лекови. Според произборниот институт „Гутмахер“, повеќе од половина од абортусите во САД се прават со апчиња наместо со операција.

Таблетите за абортус станаа се побарани по минатогодишната одлука на Врховниот суд што го укина преседанот „Ро против Вејд“, по што неколку држави го забранија или остро го ограничија пристапот до абортус.

Агенцијата за храна и лекови (ФДА) во декември 2021 година информираше дека трајно ќе го укине барањето пациентите да добијат рецепт лично преку давател на здравствена заштита, што беше дел од потегот на Агенцијата насочен кон пандемијата и тогашната телемедицина.

Сепак, во вторникот ФДА ја ажурираше својата веб-страна со новите барања велејќи дека лекот „може да се набави само со потврда од овластен препишувач“. Тоа значи дека големите синџири аптеки и малите сега може да аплицираат за сертификација за дистрибуција на таблетите што ќе им овозможи директно да ги обезбедуваат клиентите со рецепт од овластен препишувач.

Сепак, политичките „нагазни мини“ ќе влијаат на тоа каде и дали аптеките ќе ги нудат таблетите. Веројатно жените во над десет од сојузните држави каде абортусот сега е забранет ќе треба да патуваат во други за да набават таблета.