Студентска уметничка изложба од денеска во спомен-куќата на Лазар Личеновски

Kако дел од роденденската програма, во среда (денес, 9 ноември) од 12 до 14 часот, ќе се одржи отворање на изложба во спомен-куќата на Лазар Личеноски.

„Со свеж пристап и различни уметнички творештва, студентите и професорите од Факултетот за ликовни уметности ќе ја изложат својата визија, интерпретирајќи ги ликот и делата на Личеноски“, стои во најавата.

Лазар Личеноски се вбројува меѓу основоположниците на македонското современо сликарство. Неговото сликарство го одразува нашето поднебје, преку колоритот и најпознатите негови пејзажи на афиони, галички бачила, Охрид и многу други.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на месец ноември. Наскоро ќе бидат објавени дополнителни датуми за посета.