Студенти уметници сакаат да тужат британски универзитет бидејќи ги оштетил нивните дела за пандемијата  

Концептуалната уметница Фарваш Разави планирала да ги искористи мастилата што менуваат боја, за кои помина две години развивајќи ги со научници, за сложена инсталација за изложба за нејзината магистерска. Но, нејзините делитакни парчиња ги најде оштетени и расфрлани во кутија, откако нејзиниот универзитет, Кралскиот колеџ за уметност (RSA) од Британија, го расчистуваше студиото во текот на летото, пренесува Гардијан.

Скулптурата на Разави, која истражува цензура преку објективот на нејзиното искуство како Иранка која живееше во Шведска, беше само едно од многуте уметнички дела непоправливо оштетени или исчезнати како резултат на расчистувањето на RCA додека универзитетот беше затворен поради пандемијата. Сега, таа и другите погодени студенти планираат да го тужат универзитетот пред суд.

„Ова е срцепарателно“, рече таа. „Вредноста на сето ова, количината на луѓе што беа вклучени, времето што го вложив, капацитетите што ги користев со лаборатории и слоеви за печатење и развој на мастила, се минимум 50.000 фунти. Ова е вид на технологија што сè уште е во истражување, не е достапна. Секое парче е рачно изработено, нема ништо што можеме лесно да го преработиме“.

Другите оштетени дела на Разави ја вклучуваа скулптура „Перспекс“ по нарачка на Музејот на наука и парче подготвено за претстојната изложба, пронајдено натрупано на врвот на прибор за јадење, па спонзорството е повлечено.

Уништената скулптура на Разави, фото: Фарваш Разави

Таа е една од 132-та уметници што синдикатот на студенти на RCA ги евидентира дека имаат исчезнати или оштетени предмети како резултат на летното расчистување, чија цел беше кампусот да се подготви за новата академска година.

Студентите кои разговарал Гардијан изјавиле дека изгубиле вредни уметнички дела во вредност од илјадници фунти, скапа опрема (само четка за сликање може да чини 50 фунти) и материјали од скапоцени камења за производство на накит, откако биле расчистени нивните студија, вклучително и некои што биле складирани под катанец.

Во септември, студентите биле поканети да ги бараат своите дела меѓу стотици кутии наредени во зградата на Гласмил, покрај мостот Батерси, што еден керамичар го опишал како „место – апсолутна бомба“. Студентите се пожалиле дека немало попис, а предметите од различни студија и уметници се измешани, додека етикетите на пакувањата биле отстранети. Универзитетот на некои студенти им испратил погрешна работа, додека на други им било кажано дека „се претпоставува дека нивните предмети се изгубени“.

Кутии во зградата на Гласмил, Фото: Margaux Derhy

Бидејќи RCA нуди само дипломи за постдипломски студии – обично чинат 19.500 фунти за двегодишен мастер за студенти во Велика Британија и 58.000 фунти за оние од странство – многу од студентите се професионални уметници и изгубија важни дела во нивните кариери, како и парчиња за нивните главни магистерски изложби.

Во е-мејл испратен до студентите на 19 мај, Универзитетот рекол дека ќе понуди „ограничен процес на компензација“ за студенти кои би понудиле докази за исчезнати или уништени лични предмети, опрема или материјали.

Сепак, здружените колеги сметаат дека ова е недоволно, односно, тоа не го покрива покрива времето поминато во изработката на предметите, како и за губење на изложбата или можностите за продажба. Оттука, тие велат дека ќе бараат адвокати за да го однесат универзитетот пред суд.