Стрипови низ инфографици

Сега земаат замав, но почнаа да се употребуваат во мнатиот век. Инфографиците, како форма на визуелно претставување на податоците можат да прикажат се, од британската политика до џез сцената, од големите движења во филозофијата до поп-културата и историските настани.

Инфографикот исто така може да ги визуелизира и стриповите благодарение на некогашниот дизајнер Тим Леонг и неговиот „Визуелен Водич за стрип-универзумот“  кој овозможува визуелно да се прикажат многу податоци и врски помеѓу супер хероите.

Стрип универзумот е авантуристички, таинствен, исполнет со херои и негативци, па книгата на Леонг помага графички да се обликува овој свет преку пити, бар графикони, временски рамки и многу повеќе. Супер- графикот им нуди на читателите уникатен изглед на сложените, понекогаш контрадикторни приказни од широкиот свет на стриповите.

Извор