„СтопКорона!“ отвори стари рани во довербата кон технологијата

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Новата апликација „СтопКорона!“, чија цел е брзо детектирање на потенцијално заразени лица со Ковид-19, ги подели ставовите на експертите во однос на нејзината безбедност.

    Сите со кои разговаравме ја поздравуваат идејата на Министерството за информатичко општество и администација (МИОА) за воведување технологија која ќе го контролира ширењето на вирусот така што ќе ги следи социјалните контакти на граѓаните, но дел се скептични во зачувувањето на приватноста и анонимноста на граѓаните бидејќи изворниот код на апликацијата не е јавно достапен.

    Од Слободен софтвер велат дека во вонредни ситуации како оваа, довербата која граѓаните ја имаат кон институциите е од клучно значење. Ставот на оваа организација е дека тие се залагаат институциите единствено да користат и промовираат слободен софтвер со отворен код, за како што велат, да се обезбеди доверба во технолошките мерки.

    „Конкретно околу апликацијата на МИОА (СтопКорона), прашањата како: колку апликацијата е безбедна, функционална, употребливоста и можностите за злоупотреба на апликацијата и дали ја врши функцијата што треба да ја врши, не можат да се одговорат затоа што самата апликација и системот позади неа се затворени, нетранспарентни и воопшто не се во контрола на граѓаните“, вели Христијан Лубески од Слободен софтвер.

    Покрај ова, од организацијата бараат јавна достапност до процесот, алгоритмот и принципот на анонимизирање на податоците и информациите што се прибираат, како и усогласување со Законот за зашитата на личните податоци, но и други релевантни законски одредби, на пример Законот за заштита на правата на пациентите и Законот за здравствената заштита.

    „Јасна и недвосмислена неопходност за давање на дозвола за пристап до податоци од уредите на граѓаните. Дозволата за пристап треба да биде одобрена од граѓаните со цел исполнување на потребните услови за работа на апликацијата“, бараат од Слободен софтвер.

    Слично размислување има и Горјан Јовановски, софтверски инженер и креатор на неколку апликации меѓу кои и „Мој воздух“. Според него, важно е да има блиска соработка меѓу граѓаните и државните институции, но забележува дека таа соработка треба да се темели на доверба.

    „Нешто што за жал кај нас долго време го нема меѓу тие две страни“, смета тој.

    „Токму затоа, државните институции мора да покажат дека се спремни да ја обезбедат таа доверба на граѓаните, преку јавно доставување на изворниот код на апликацијата. Иако апликацијата е донација од фирма, може и самата фирма да го дозволи објавувањето и да добие дополнителна позитивна репутација. Само на тој начин ќе се подаде рака од едната страна, и на ред ќе бидат граѓаните да ја подадат нивната. Секој има право да се сомнева во теории на масовно следење на граѓани и „Големиот Брат“. Знаеме и самите дека се случува во многу држави, а и кај нас со прислушкуваните разговори, така што скептицизмот не може да кажеме дека не е оправдан“, вели Јовановски.

    Како функционира „СтопКорона!“

    Апликацијата е достапна за користење веќе 10 дена и таа може да се преземе од AppStore и Google Play Store. Таа е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица во последните 14 дена преку постапка за детекција на блискост на мобилни уреди/апликации преку Bluetooth технологија, а нејзиното користење се заснова на согласност на субјектот на личните податоци, односно, на доброволно преземање од страна на граѓаните.

    Пред самото преземање на мобилната апликација, препорачливо е граѓаните да ја прочитаат Политиката за приватност и да се запознаат со тоа на кој начин нивните лични податоци ќе бидат заштитени, кои се нивните права како субјекти на личните податоци но и кои се обврските на оној кој ги обработува личните податоци собрани со користењето на мобилната апликација.

    На последната, 44. седница на Владата, беше донесен заклучок на сите вработени во државната администрација да им се препорача да ја инсталираат мобилната апликација, додека оваа постапка да им се укаже и на вработените во локалната самоуправа и приватниот сектор. Истовремено, матични лекари ќе бидат задолжени на своите пациенти да препорачаат инсталирање на апликацијата.

    Според Владислав Бидиков од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), направени се доволно чекори апликацијата да биде во функција на борба со настанатата ситуација. Тој забележува дека реализацијата е според сличните пракси кои се појавија низ светот, но предлага одредени визуелни елементи да се доработат, а за тоа вели тој, важна е повратната информација од корисниците.

    Бидиков разбира дека одредени „рани“ од минатото може да предизвикаат реакции дека можеби не се внимава на заштита на приватноста.

    „Од она што јас лично досега го видов, апликацијата ги исполнува сите стандарди за безбедност, впрочем самото тоа што поминала ригорозни проверки од Apple и Google за да истата се појави во официјалните продавници за преземање, е дополнителен аргумент дека нема потреба од паника. Дополнително, притисокот на јавноста веројатно предизвика и желба сите засегнати страни да покажат дека апликацијата е сосема безбедна со тоа што ќе дозволат детално да биде проверена од група на ИТ ескперти со што дополнително ќе се потврди дека апликацијата е безбедна во однос на приватноста и дека нема потреба од паника“, смета тој.

    Бидиков додава дека важен показател дека апликацијата е во насока која е прифатлива за борба со пандемијата е и интересот на „Епл“ и „Гугл“ одредени функционалности кои ги користи апликацијата, и слични на неа, да станат дел од стандардното API (Интерфејс за програмирање на апликација) за Андроид и Макос уште во средината на мај.

    Меѓу првите кои излегоа со став за апликацијата беа од организацијата Метаморфозис. Тие при анализирање на Политиката за приватност, согледале дека апликацијата ги содржи најголем дел од информациите кои се потребни за информирање на граѓаните и го почитува на принципот на транспарентност при обработката на личните податоци.

    Нивната препорака се фокусира кон обезбедување на контакт информации од надлежните до кои секој граѓанин ќе може да се обрати за остварување на правото на пристап, исправка или бришење на личните податоци.

    „Согласно Законот за заштита на личните податоци, а следејќи го принципот на транспарентност при обработката на лични податоци, кога личните податоци се собираат од граѓаните, контролорот, во овој случај тоа е Министерството за здравство, во моментот на собирањето на личните податоци, ги обезбедува следните информации: Идентитетот и контакт податоците на контролорот, контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци, целите на обработката за коишто личните податоци се наменети, легитимните интереси што ги спроведува контролорот или трето лице, корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има, информација за тоа дали контролорот има намера да пренесе лични податоци во трета земја или меѓународна организација, временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци, постоењето на право да се бара од страна на контролорот пристап, исправка или бришење на личните податоци, постоењето на правото за повлекување на согласноста во секое време, правото на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци, информации за тоа дали контролорот има намера и понатаму да обработува лични податоци за цел различна од онаа за која се собрани личните податоци“, наведуваат од Метаморфозис.

    Речиси 50.000 граѓани ја инсталирале „СтопКорона!“

    Според податоците на Министерството за информатичко општество и администрација, во моментов има 47.323 регистрирани корисници на мобилната апликација. Оттаму за Радио МОФ велат дека по забелешките на граѓаните направени се неколку промени за подобрување на функционалноста на апликацијата.

    „Во однос на видливоста, сега веќе се појавува прва на листата, потребно беше само малку време да се индексира. Во однос на копчето „Испрати податоци“, има промена, односно сега има 2 пораки за да се осигураме дека нема да се праќаат податоци по грешка“, велат од министерството.

    Но, оттаму категорични се во ставот дека изворниот код на апликацијата не може да се објави јавно, а причината за тоа се правилата на компанијата „Nextsense“, која ја донираше апликацијата.

    „Донацијата го вклучува изворниот код на мобилната апликација ‘СтопКорона!’ со ограничени права за користење за потребите на одржување на апликацијата и без право на понатамошно дистрибуирање или употреба за други намени. Давателот на донацијата ги задржува ексклузивните авторски права како и сите постоечки права на интелектуална сопственост, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на софтверски апликации, патенти, трговски марки, трговски тајни и know-how“, велат од министерството.

    Сепак, од министерството информираат дека ќе се формира тим од експерти на кои ќе им биде даден пристап до кодот на апликацијата.

    „Експертите ќе имаат време да направат детална анализа и да ја известат јавноста за нивниот заклучок и препораки по направената анализа“, посочуваат од министерството.

    Апликацијата може да биде корисна алатка, но зависи од свеста на граѓаните

    Според Бидиков, одговорот на прашањето колку апликацијата ќе биде функционална, зависи од личната свесност на граѓаните.

    „Личната свесност е важна и за користењето на сапун при миење на раце, како што е важно и при користењето на заштитни средства како маска и ракавици, но можеби најмногу е важно потребата од дистанца и социјална изолација да се сфати сериозно и доколку и покрај сите активности и голема свесност се случи да сме инфицирани – правилното информирање на останатите со кои сме биле во контакт ќе им помогне за да навреме преземат мерки со што нема да го загрозиме нивниот живот“, смета тој.

    Ова, како што вели Бидиков, најдобро може да се види од колективното однесување, односно првичната појава на „бунтовност“ и чуство за „непокор“ кон мерките, кое на крај како што вели тој, го зголемува ризикот кон општата популација и воедувањето построги мерки.

    „Нешто слично видовме и во првите денови од лансирањето на апликацијата – сите пробуваа да кликнат дека се „заразени“ што само дополнително предизвика забуна“, додава тој.

    Тешко се наоѓа и има нејаснотии – Први реакции на граѓани за апликацијата „СтопКорона!“

    Изминатиов период повеќе држави решија да воведат слична технологија во своите државии. Германија и Австралија планираат да се вклучат во следењето на потенијални заразени лица преку апликација, откако досега тоа го направија и земји како Сингапур,  Кина, Израел и Русија.

    Емилија Петреска

  • “StopKorona!“ hapi plagë të vjetra në besimin ndaj teknologjisë

    Aplikacioni i ri “StopKorona!” qëllimi i së cilit është detektimi i shpejtë i personave potencialisht të infektuar me Kovid – 19, ndau qëndrimet e ekspertëve në lidhje me sigurinë e aplikacionit.

    Të gjithë me të cilët biseduam e përshëndetën idenë e Ministrisë së Shoqërisë Informatike dhe Administratës (MShIA) për vendosjen e teknologjisë e cila do të kontrollojë përhapjen e virusit, në mënyrë që do të monitorojë kontaktet sociale të qytetarëve, por një pjesë janë skeptikë në lidhje me ruajtjen e privatësisë dhe sa do të jetë anonim për qytetarët sepse kodi burimor i aplikacionit nuk është publikisht i qasshëm.

    Nga Sloboden softuer thonë se në situata të jashtëzakonshme si kjo, besimi të cilin e kanë qytetarët ndaj institucioneve është me rëndësi kruciale.  Qëndrimi i kësaj organizate është se ata angazhohen që thjesht institucionet ta përdorin dhe të promovojnë softuerin e lirë me kod të hapur, që siç thonë, të sigurohet besim në masat teknologjike.

    “Konkretisht rreth aplikacionit të MSHIA (StopKorona), pyetjet si: sa është i sigurt aplikacioni, sa është funksional, i përdorshëm dhe mundësitë për keqpërdorim të aplikacionit dhe nëse e kryen funksionin që duhet ta kryejë, nuk mund të përgjigjen sepse vetë aplikacioni dhe sistemi mbrapa saj janë të mbyllura, jo transparente dhe aspak nuk janë në kontroll të qytetarëve”, thotë Hristijan Lubeski nga Sloboden softuer.

    Përpos kësaj, nga organizata kërkojnë qasje publike në procesin, algoritmin dhe parimin se si janë anonime të dhënat dhe informacionet që grumbullohen, si dhe harmonizim me Ligjin për mbrojtjen e të dhënave publike, por edhe dispozita të tjera relevante ligjore, për shembull Ligji për mbrojtjen e të drejtave të pacientëve dhe Ligji për mbrojtje shëndetësore.

    “Është e qartë dhe pa mëdyshje nevoja për dhënien e lejes për qasje drejt të dhënave nga pajisjet e qytetarëve.  Leja për qasje duhet të aprovohet nga qytetarët me qëllim plotësimin e kushteve të nevojshme për punë të aplikacionit”, kërkojnë nga Sloboden softuer.

    Mendim të ngjashëm ka edhe Gorjan Jovanovski, softuer inxhinier dhe krijues i disa aplikacioneve ndër të cilat edhe “Moj vozduh”. Sipas tij, është me rëndësi të ketë bashkëpunim të ngushtë ndërmjet qytetarëve dhe institucioneve shtetërore, por thotë se ky bashkëpunim duhet të bazohet në besim.

    “Diçka që për fat të keq tek ne kohe të gjatë mungon ndërmjet të dyja palëve”, konsideron ai.

    “Pikërisht prandaj, institucionet shtetërore duhet të tregojnë se janë të gatshme të sigurojnë atë besim tek qytetarët, nëpërmjet dorëzimit të kodit burimor të aplikacionit.  Edhe pse aplikacioni është donacion i firmës, edhe vetë firma mund të lejojë publikimin dhe të fitojë reputacion pozitiv në mënyrë plotësuese.  Vetëm në këtë mënyrë, do të shtrihet dora nga njëra anë dhe në radhë do të jenë qytetarët të shtrijnë dorën e tyre. Secili ka të drejtë të dyshojë në teori të përgjimit masiv të qytetarëve dhe “Vëllain e madh”.  Vetë e dimë se ndodh në shumë shtete, por edhe tek ne ndodhi me përgjimin e bisedave, kështu që për skepticizmin nuk mund të themi se është i pa arsyeshëm”, thotë Jovanovski.

    Si funksionon “StopKorona!“

    Aplikacioni është i qasshëm për përdorim tani më 10 ditë dhe i njëjti mund të shkarkohet nga AppStore dhe Google Play Store. Aplikacioni është i dedikuar për zbulimin e kontaktit të afërt me persona potencialisht të rrezikuar gjatë 14 ditëve të fundit, nëpërmjet procedurës për detektimin e afërsisë së telefonave celular / aplikacione nëpërmjet Bluetooth teknologjisë, ndërsa përdorimi i tij bazohet mbi pëlqimin e subjektit për qasje në të dhënat personale, përkatësisht shkarkimin me vullnet të tyre nga ana e qytetarëve.

    Para shkarkimit të aplikacionit në telefonin celular, rekomandohet qytetari të lexojë Politikën e privatësisë dhe të njoftohet me atë se në cilën mënyrë të dhënat e tyre personale do tëmbrohen, cilat janë të drejtat e tyre si subjekt i të dhënave personale por edhe cilat janë obligimet e atij që i përpunon të dhënat personale të grumbulluara me përdorimin e aplikacionit celular.

    Gjatë seancës së fundit të 44-t të Qeverisë, u miratua konkluzion t’ju rekomandohet të gjithë të punësuarve në administratën shtetërore të instalojnë aplikacionin mobil, ndërsa kjo procedurë t’ju sugjerohet edhe të punësuarve në vetëqeverisjen lokale dhe sektorin privat.  Njëkohësisht, mjekët amë do të angazhohen, pacientëve të tyre t’ju rekomandojnë instalimin e aplikacionit.

    Sipas Vlladisllav Bidikov nga Fakulteti për Shkenca Informatike dhe Inxhinieri Kompjuterike (FShIIK), janë bërë hapa të mjaftueshëm në mënyrë që aplikacioni të jetë në funksion të luftës me situatën e shkaktuar. Ai thotë se realizmi është sipas praktikave të ngjashme të cilat u paraqitën në mbarë botën, por propozon element të caktuar vizual të përpunohen në mënyrë plotësuese, ndërsa për këtë thotë ai, me rëndësi është informata kthyese nga përdoruesit.

    Bidikov kupton se “plagë” të caktuara nga e kaluara mund të shkaktojnë reagime se ndoshta nuk ka kujdes të mjaftueshëm në lidhje me mbrojtjen e privatësisë.

    Nga ajo që e pashë unë personalisht deri tani, aplikacioni i plotëson të gjitha standardet e sigurisë, në fakt vetë ajo që ka kaluar kontrolle më rigoroze nga Apple dhe Google që e njëjta të paraqitet në shitoret zyrtare për shkarkim, është argument plotësues se nuk ka nevojë për panik. Në mënyrë plotësuese, presioni nga publiku me siguri shkaktoi edhe dëshirë të gjitha palët e interesuara të tregojnë se aplikacioni është krejtësisht i sigurt me atë që do të lejojnë në mënyrë të detajuar të kontrollohet nga grupi i ekspertëve të TI me çka do të konfirmohet se aplikacioni është i sigurt në lidhje me privatësinë dhe se nuk ka nevojë për panik”, konsideron ai.

    Bidikov shton se indikator i rëndësishëm se aplikacioni është në drejtim i cili është i pranueshëm për luftë me epideminë dhe është në interes të “Apple” dhe “Google” funkcione të caktuara të cilat i përdor aplikacioni dhe të ngjashme me të, të ngelin pjesë e API-së standarde (Interfejs për programim të aplikacionit) për Android dhe Makos që në mes të muajit maj.

    Ndër të parët që dolën me qëndrimin e tyre ishin nga organizata Metamorfozis.  Ata, gjatë analizimit të Politikës së privatësisë, kanë konstatuar se aplikacioni i përmban pjesën më të madhe të informacioneve të nevojshme për informimin e qytetarëve dhe e respekton parimin e transparencës gjatë përpunimit të të dhënave personale.

    Rekomandimi i tyre është të fokusohet drejt kontakt informacioneve nga kompetentët, tek të cilët mund të drejtohet çdo qytetar për realizimin e të drejtës së qasjes, korrigjimit ose shlyerjes së të dhënave personale.

    “Në pajtim me Ligjin për mbrojtjen e të dhënave personale, ndërsa me respektimin e transparencës gjatë përpunimit të të dhënave personale, kur të dhënat personale grumbullohen nga qytetarët, kontrollor, në këtë rast kjo është Ministria e Shëndetësisë, gjatë grumbullimit të të dhënave personale, i siguron informacionet në vijim:  Identiteti dhe kontakt të dhënat e kontrollorit, kontakt të dhënat për oficerin për mbrojtjen e të dhënave personale, qëllimet e përpunimit për të cilët të dhënat personale janë të dedikuara, interesat legjitime që i realizon kontrollori ndaj personit të tretë,  përdoruesit ose kategoritë e përdoruesve të të dhënave personale, nëse i ka,  informatë në lidhje me atë nëse kontrollori ka për qëllim të transferojë të dhënat personale në shtete të treta ose organizata ndërkombëtare,

    periudha kohore gjatë së cilët ruhen të dhënat personale, ekzistimi i së drejtës të kërkohet qasje nga kontrollori,  korrigjim ose shlyerje e të dhënave personale,  ekzistimi i të drejtës për tërheqjen e pëlqimit në çdo kohë, e drejta për parashtrimin e kërkesës të Agjencia për Mbrojtjen e të Dhënave Personale,

    informacione në lidhje me atë nëse kontrollori ka për qëllim edhe më tutje të përpunojë të dhënat personale për qëllim të ndryshëm nga qëllimi për të cilin janë mbledhur të dhënat”, thonë nga Metamorfozis.

    Pothuajse 50.000 qytetarë e kanë instaluar “StopKorona!“

    Sipas të dhënave të Ministrisë së Shoqërisë Informatike dhe Administratës, për momentin ka 47.323 përdorues të regjistruar të aplikacionit mobil.  Për Radio MOF, nga ministria thonë se pas vërejtjeve të qytetarëve, janë bërë disa ndryshime për përmirësimin e funksionimit të aplikacionit.

    “Në lidhje me dukshmërinë, tani më paraqitet e para në listë, vetëm duhej pak kohë të indeksohet. Në lidhje me funksionin “Dërgo të dhëna”, ka ndryshim, përkatësisht tani ka 2 mesazhe për tu siguruar se nuk do të dërgohen të dhëna me gabim”, thonë nga ministria.

    Por, ata janë kategorikë në qëndrimin se kodi burimor i aplikacionit nuk mund të bëhet publik, ndërsa shkaku për këtë janë rregullat e kompanisë “Nextsense” e cila bëri donacion aplikacionin.

    “Donacioni përfshin edhe kodin burimor të aplikacionit mobil “StopKorona!” me të drejta të kufizuara për përdorim për nevojat e mirëmbajtjes së aplikacionit dhe pa të drejtë për shpërndarjen e mëtutjeshme ose përdorim për qëllime të tjera. Ofruesi i donacionit i mban të drejtat autoriale ekskluzive si dhe të gjitha të drejtat ekzistuese të pronës intelektuale, përfshirë, por duke mos u kufizuar në aplikacionet softuerike, patenta, marka tregtare, sekrete tregtare dhe know – how”, thonë nga ministria.

    Megjithatë, nga ministria informojnë se do të formohet ekip i ekspertëve të cilëve do tu jepet qasje në kodin e aplikacionit.

    “Ekspertët do të kenë kohë të bëjnë analizë të detajuar dhe të njoftojnë publikun në lidhje me konkluzionet e tyre dhe rekomandimet pas analizës”, thonë nga ministria.

    Aplikacioni mund të jetë vegël shumë e dobishme, por varet nga vetëdija e qytetarëve

    Sipas Bidikov, përgjigja në pyetjen sa do të jetë funksional aplikacioni, varet nga vetëdija personale e qytetarëve.

    “Vetëdija personale është e rëndësishme edhe për përdorimin e sapunit gjatë larjes së duarve, siç është shumë e rëndësishme gjatë përdorimit të mjeteve mbrojtëse si maska dhe dorezat, por ndoshta më së shumti është me rëndësi nevoja për distancë dhe izolim social të kuptohet seriozisht dhe nëse edhe përpos të gjitha aktiviteteve dhe vetëdijes së madhe ndodh të jemi të infektuar – informimi i drejtë i të tjerëve me të cilët kemi qenë në kontakt do t’ju ndihmojë që në kohë të ndërmarrin masa me çka nuk do të rrezikojmë jetën e tyre”, konsideron ai.

    Kjo, siç thotë Bidikov, më mirë mund të shihet nga sjellja kolektive, përkatësisht paraqitja fillestare e “rebelimit” dhe ndjenjës për “mos bindje” ndaj masave, që në fund siç thonë ai, e rrit rrezikun ndaj popullatës së përgjithshme dhe vendosjen e masave më të rrepta.

    “Diçka të ngjashme pamë edhe ditët e para të linçimit të aplikacionit – të gjithë provonin të klikojnë se “janë të infektuar” që vetëm në mënyrë plotësuese shkaktoi huti”, shton ai.

    Тешко се наоѓа и има нејаснотии – Први реакции на граѓани за апликацијата „СтопКорона!“

    Periudhën e kaluar më shumë shtete vendosën të instalojnë teknologji të ngjashme në vendet e tyre.  Gjermania dhe Austria planifikojnë të përfshihen në monitorimin e personave potencialisht të infektuar nëpërmjet aplikacionit, pasi deri më tani këtë e kanë bërë edhe Singapori, Kina, Izraeli dhe Rusia.

    Emilija Petreska