Стопениот мраз на Мон Блан откри индиски весници од авионска несреќа во 1966

Копии од дневни весници од летот на авион „Air India“ кој паднал на Мон Блан во 60-тите биле откриени откако почнал да се топи мразот на планините.

Весниците, кои известуваат дека Индира Ганди станала индиска премиерка, биле откриени од Тимоти Мотин, кој води свое кафиле на 1,350 метри надморска висина, како дел од француско одморалиште.

Авионот со лет 101 на „Air India“ паднал на највисоката планина во Европа на 24 јануари во 1996, поради вербална расправија и недоволна комуникација, резултирајќи со смрт на сите 177 патници и екипаж.

„Весниците почнуваат да се сушат, но уште се читливи и во добра состојба“, истакнал Мотин.

Тој додал дека весниците ќе бидат дел од колекцијата на предмети пронајдени од несреќата кои тој ги изложува во своето кафуле.

Од 2012 година, пронајдени се повеќе предмети поврзани со авионската несреќа поради топењето на мразот.

Истата година била пронајдена чанта со дипломатска пошта адресирана до Индискиот Парламент, а година подоцна француски алпинист пронашол метална кутила со логото на авио компанијата која содржела емералди, сафири и рубини чија вредност била проценета со 246,000 евра.

Предметите од оваа несреќа не се единствените предмети кои во скоро време се пронајдени на Монт Блан и Алпите.

Откако започна глобалното затоплување и топењето на мразот, ледените полиња на високит планини се претворија во временски капсули кои откриваат тајни, меѓу кои и бројни историски артефакти од летот 101.

Човечки трупови на исчезнати аплинисти, некои изчезнати и со години- се појавиле на површината откако Монт Блан изгубил скоро четвртина од својата ледена покривка.

На Италианските Алпи, стопениот мраз „открил“ трупови на загинати војници од Првата светска војна, на местото каде Италијанските и Австрео унгарските трупи починале борејќи се помеѓу планиските ровови.

Извор: Guardian