Кога ќе му се налутите на другар или роднина лоциран на одредена оддалеченост од вас, го користите својот мобилен телефон да му викате. Кога сте лути на Владата, се јавувате или „твитате“ со пријателите и заедно викате на улиците. Добредојдовте во новата ера, каде да се биде лут се изразува преку користење на едноставни уреди, а владите ја блокираат вашата експресија преку не толку едноставни уреди.
Веројатно забележавте дека и во двата начини на изразување на лутина, користите еден електронски уред – мобилен телефон. Иако веројатно ги знаете чудата кои овој уред може да ги направи во однос на организирање, планирање и менаџмент прек експресна комуникација „на лице место“, веќе знаеме зошто овој уред не ви е само пријател. Достапноста и дизајнот на мобилниот телефон го прават и најдобар пријател и најлош противник на протестирачите, бидејќи пријателот кој лесно се користи а ни го олеснува животот, не поткажува на безбедносните сили и полициските единици.
Две нешта се важни за модерните мобилни телефони, познати и како паметни телефони. Прво, го содржат целото ваше дигитално постоење. Само помислете колку многу од вашиот секојдневен живот се случува на интернет. Второ, технолошкиот напредок ги направи овие уреди екстремно моќни. Денес, секој граѓанин може да биде новинар само преку вклучување на неговата камера и поврзувајќи го телефонот со можноста за пренос во живо на социјалните медиуми. Затоа, на протест можете да го користите својот телефон за многу нешта, од пренос во живо на постапките на другите протестанти, до нивно информирање за движењата и постапките на полицијата.
А, со оглед на тоа што полицијата е исто така на протестот, и на нив им требаат уреди за да си ја олеснат работата. Нивните и должностите на протестантите се симетрично различни. На протестантите им треба да го изразат гневот, а полицијата треба да ги смири или во некои случаи, да ги уапси. Затоа, кога протестот ескалира, полицијата ги конфискува телефоните на луѓето, со цел да извлечат податци и да ги користат како докази. Но, доколку не дојде до ескалациј и полицијата е задоволна, го одржуваат мирот преку едноставно блокирање на вашата комуникација и надевајќи се дека тоа ќе ја онеспособи дополнителната комуникација и организација.
Развојот на технологијата ги следи правилата на побарувачката. Ако на некој нешто му треба, друг ќе го произведе. Големи пари се вложени во надзорот на протести и нивното прекинување, и затоа имаме огромни купишта на електронски уреди создадени конкретно за оваа цел. Веќе ги покривме Stignray и DRT кутиите, но тие уреди се „играчки од старото време“. Секој уред се развива дополнително, што го прави сè повеќе и повеќе пригоден за неговите цели.
[Став] Зошто револуциите треба да се случуваат без технологија, дел 1
На пример, проверете го Gossamer, „братучед“ со големина на паметен телефон на Stingray, кој е помоќен и покрај неговата големина. Техниката на шпионирање е практично истата. Gossamer емитира многу помоќен сигнал од оној кој го емитира телефонскиот оператор преку рисиверот, го прекунива сигналот на вашиот телефон и го контролира. Методот е прилично лесен. Сепак, Gossamer е многу „помодерен“. Може да го спречи телефонот да ја исполни својата основна цел – да воспостави комуникација. Има повеќе вештини, поголем досег и може да го собере во униформата на локалниот полицаец, за ограничување на комуникацијата насочено кон нервозните маси.
Доколку безбедносните агенции се пофокусирани на собирање, а не на спречување на информациите, Blackfin е најдобрата алатка. Способна е да се конектира на одреден телефон и да го прислушкува. Ако не сакате вашето прислушување да биде прекинато од други сигнали, овој уред може да ги исклучи сите други уреди во околината. Така што, дури и тоа да не ви е основната цел, Blackfin ја нуди можноста да ја блокира комуникацијата, како и другите уреди спомнати преходно. Доколку блокирањето е премногу, полицајците можат само да го користат QRC Autonomous, уред кој е исто така мал, но има способност за слушање како мачка, а меморија како слон. Не се поврзува директно за телефонот, туку за мрежата која тој ја користи. Треба само да го вклучите и шпионската игра да започне. Ги собира сите податоци кои доаѓаат преку одредена мрежа и ги зачувува, за подоцна да можете да ги поврзете на компјутер, да ги селектирате и анализирате. Потоа да апсите, и да осудите. Судиите често не знаат како доказите биле собрани, или на колку луѓе приватноста им била колатерална штета. Излегува дека за секој бесен протестант, има барем десетина луѓе на кои се цели и кои се анализирани.
Сепак, иднината ен е толку страшна. Од законска перспектива, бранителите на човековите права постојано се борат во судовите против користењето на овие уреди. Академиците и здруженијата за граѓански права ја предупредуваат јавноста за постоењето и етиката на користењето на технологија за прислушување и надзор. Но, на крајот, производителите на технологијата се оние кои ги прават алатките за заштита. Иако можеби верувате дека клинот со клин се избива, сетете се дека технологијата беше таа која ни овозможи да ги користиме клиновите безбедно.
Ѓорѓи Димески