[Став] Зошто револуциите треба да се случуваат без технологија, дел 1

После деценија бројни скандали, социјални немири и константно менлива политичла средина, човештвото научи дека навистина има магично место кое се вика Интернет, каде дури и социјалните проблеми можат да се решат со минимален напор и без модринки.

Со оглед на тоа што интернетот е практично огромна мрежа со милиони корисници кои комуницираат со него секој час, овозможува одредена порака да се сподели со милиони луѓе одеднаш, без разлика на времето и далечината. информацијата се шири брзо и информираните луѓе се често лути, бидејќи светските политички релации се поставени на начин кој секогаш го става просечниот граѓанин на губитничката страна. Но, граѓаните никогаш не се смирени, секогаш има барем една група која е константа во напорот за подобар свет, која наоѓа нови, иновативни начини да го порази Човекот. Така дознаваме дека на граѓанската непослушност може да и се помогне со интернетот и како да го примениме како алатка за протест способна за сè, од организирање на настани на социјалните медиуми, до комуникација преку апликациите за праќање пораки во реално време и на местото на настанот.

Сепак, властите генерално не ги сакаат гневните граѓани бидејќи веруваат дека непослушната оди против принципот на социјален ред, кој е лепилото што го држи општеството на едно место и ги држи властите во доминантна позиција. И секако знаат како да „го фатат глушецо“. Користејќи контраразузнавање тие знаат што протестантите сакаат и ги удираат кадешто најмногу ги боли. Ако на протест му треба комуникација за да биде спроведен, властите знаат дека прекин на начините на комуникација ќе ги поразат протестантите и нивната кауза. А за секој уред на комуникација, има уред за блокирање чија цел е да ги контролира или ограничи неговите можности.

Земете го како пример вашиот мобилен телефон, уредот кој секогаш го имате во вашиот џеб и редовно го користите за да комуницирате со другите преку повици, пораки или на интернет. Без разлика кој метод на комуникација го користите, телефонот функционира преку праќање сигнали до репетитор, кој слуши како допирна точка меѓу мобилните и мрежите со кои оперира телекомуникациската компанија. Ако некој може да ги онеспособи репетиторите, мобилниот е практично бескорисен бидејќи не може да прима сигнали кои се важни за неговите операции.

Но, што ако некој може да постави репертитор кој не е опериран од телекомуникациска компанија, туку од група луѓе кои сакаат да ве следат или да ви ги украдат податоците од мобилниот? Се што треба да направат е да направат репертитор со посилен сигнал од оние на компаниите, и вашиот уред автоматски ќе се поврзе на него. И да, има посебен уред кој служи на целта кажана погоре – да симулира лажен репетитор со цел да го „киднапира“ сигналот на вашиот мобилен. Често споменувани како „stingrays“ (ражи), овие уреди со големина на кутија работат преку имитирање на сигналите на репетиторите кои го мамат вашиот телефон да се конектира на нив. Мобилниот телефон се поврзува на лажната мрежа користејќи го својот IMSI, кој е број за идентификација уникатен за секој мобилен телефон. Така што, луѓето кои оперираат со уредот знаат точно кој телефон бил „киднапиран“. Со оглед на тоа што „ражата“ не е поврзана на регуларен телефонски оператор, кога еднаш мобилниот ќе се поврзе на неа, ја губи моќта да воспоставува или прима повици, пораки или било која друга форма на комуникација. А, кога сакате да најдете специфична цел во гужва, може да користите антена за наоѓање на правец да го следите сигналот на мобилниот кој ја емитира. Ако сè уште не ја сфаќате целата слика, замислете како да се конектирате на WiFi мрежата на соседот, и да дознаете дека нема мрежа бидејќи го ограничил користењето на интернет. А, зборувајќи за WiFi конекцијата, логирањето во необезбедена мрежа може да биде закана за вашата приватност, бидејќи личноста која ја поставила мрежата има пристап до сите податоци пренесени преку неа. Овие киднапирања на мрежа се познати како „Man-in-the-Middle attack“, а функционираат преку насочување на податоците од мобилниот преку мрежа, вообичаено поставена од трета личност – хакер, или понекогаш полицаец.

Помоќна верзија на Stigray е ,Dirtbox’  акроним изведен од оригиналното име на производителот DRT (Digital Receiver Technologies). Оваа верзија е речиси иста кога станува збор за големината, но многу помоќна во опсег и способности. Може да покрие до 10.000 цели, а може да упадне во повеќе уреди за било која цел, од прислушување до кражба на податоци. Во случајот на протест, треба само да го сместите овој уред близу до гужвата и комуникацијата згаснува и може потенцијално да влијае на стотици луѓе одеднаш, не само на особено гневна група бунтовници.

Големината на овие уреди ги прави совршени за прикривање на надзорот. Освен тоа, за различа од прислушувањето „од уста на уста“, од старата школа, и класичното испрашување, користењето на оваа технологија не бара гаранција или известување на сопственикот на уредот. Во некои држави, законот им забранува на производителите на мобилни да им кажат на своите муштерии дека безбедносните агенции ги шпионираат.

Можностите се бесконечни. Локална полиција може да носи Stingray или Dirtboxes на протестите во полициско комбе, или ако сакаат да бидат пософистицирани и да да целат на уште повеќе луѓе, можат само да го стават уредот на мал авион и да летаат над протестантите.

Во активизмот, технологијата е секогаш нож со две острици. Никогаш не смееме да заборавиме дека ако нешто ни е корисно, корисно им е и на тие кои се против нас. Секако, никој не тврди дека безбедносните агенции се непријатели на граѓаните, но понекогаш овие агенции ја преминуваат тенката линија меѓу безбедноста и сигурноста. Секако, протестантите наоѓаат начини да се спротивстават. Повторно, ако има намера да се произведува технологија за надзор, има и намера да се произведува технологија спротивна од тоа, побарана од оние на другата страна на шпионската игра.

Ѓорѓи Димески