[Став] Социјалното претприемништво, младите и локалниот социо-економскиот развој

Еден од предизвиците поврзани со развојот во денешниот свет е инклузивноста и неговите дисперзирачки или дистрибутивни ефекти. Имено, едно од најважните прашања на развојот е одржливоста т.е колку тенденцијата внатре е стабилна и отпорна на шокоти, а исто така и неговата децентрализираност т.е колку истиот поаѓа од локалните нивоа.

Во тој дел, еден од механизмите за интегрирање на развојот е социјалното претприемништво. Во основа социјалното претприемништво претставува претприемничка (бизнис) активност која што има социјален импакт т.е решава одреден социјален проблем.

Социјалното претприемништво е тесно поврзано со локалниот развој бидејќи примарно дејствува на локалната заедница локалните проблеми блиски на одредена група луѓе.

Оттука, за катализирање на локалниот социо-економски развој добар механизам е социјалното претприемништво кое што ги вклучува младите.

Младите ја даваат креативната и иновативната димензија во претприемачкиот процес, а со самата вклученост имплицитно влијаат на намалување на младинската невработеност и вклученост во општествените процеси. Со тоа понатаму ефектите се трансмитираат широкопојасно низ целата локална заедница. Понатаму секундарниот ефект врз локалниот развој ќе дојде од самата социјална мисија на конкретното социјално претпријатие.

Во овој дел постојат доста емпириски истражувања кои го потврдуваат влијанието на социјалното претприемништво врз локалната заедница.

Во 2023 година извештајот на Rural Pact Office зборува за руралната и локалната поддршка на социјалното претприемништво кои пак се важни за подигање на свеста која потоа ќе има повратен импулс на поголема благосостојба во локалната област.

Имено, за континуитет и одржливост, отпорност на социјалните претпријатија потребна е и поддршка од локалната власт во насока на надминување на јазовите меѓу потенцијалите за развој на социјалното претприемништво како на пример постоење на млади невработени лица од една страна и ограничувачките фактори како  што се пристапот до финансиски ресурси од друга страна.

На овој начин поддршката на социјалното претприемништво во локалните средини ќе има мултипликативен ефект во решавање на социјалните проблеми и предизвици и креирање на поголема благосостојба за локалното население особено и младите.

Ристе Костовски