Стагнација на мигрантската криза во ЕУ: Помалку барања за азил, но раст на одобрените случаи

Во декември 2025 година, вкупно 47 650 лица кои не се државјани на ЕУ поднеле барање за азил за првпат, што претставува пад од 23% во споредба со декември 2024 и 13% помалку во однос на ноември 2025.

Истовремено, биле регистрирани 9 255 повторни апликации, што е зголемување од 29% на годишно ниво, но намалување од 19% во споредба со претходниот месец.

Најголем број баратели на азил биле од Венецуела (6 675), Авганистан (4 900), Бангладеш (3 190) и Сирија (2 025). Италија, Шпанија, Франција и Германија примиле 72% од сите првични апликации.

Во однос на населението, највисока стапка на баратели имало во Грција (39,1 на 100 000 жители), потоа Ирска (22,9) и Шпанија (19,7).

Фото: migr_asyumactm

Во декември 2025, 1 330 малолетници без придружба поднеле барање за азил. Најмногу од нив биле од Сомалија, Авганистан, Венецуела, Египет и Еритреја. Најголем број од овие случаи биле регистрирани во Холандија, Грција, Германија, Шпанија и Белгија.

Повеќе позитивни одлуки за азил

Во четвртиот квартал од 2025 година, земјите од ЕУ донеле 229 735 првостепени одлуки за азил, што е зголемување од 15% во однос на истиот период во 2024 и 10% повеќе од претходниот квартал.

Од нив, 45% (103 550) биле позитивни, односно на барателите им била доделена некаква форма на заштита.

Фото: migr_asyumactm

Од позитивните одлуки:

  • 56% добиле статус на бегалец

  • 23% хуманитарен статус

  • 21% супсидијарна заштита

Најголем број позитивни одлуки донеле Германија, Шпанија и Франција. Најчести корисници на заштита биле државјани на Авганистан, Венецуела и Сирија.

Овие податоци укажуваат на опаѓање на новите барања за азил, но истовремено и на зголемена стапка на одобрување на заштита во Европската унија.

Извор: EuroStat