14 ученици по наставник во ЕУ, С. Македонија малку под европскиот просек

Во 2019 година во основното образование во Европската Унија имало 24,5 милиони ученици и 2 милиони наставници, односно по еден наставник на секој 13,5 ученици, покажуваат податоците на Евростат.

Северна Македонија со 14,8 ученици по наставник е нешто под европскиот просек. Ова ја позиционира земјава на 24-тото место од вкупно 33 европски држави вклучени во податоците.

Од достапните податоци најмалку ученици по наставник има во Грција (8,7), Луксембург (9) и Полска (9,6). Овој сооднос е најголем во Босна и Херцеговина каде на секој наставник има дури 44,5 ученици, по што следуваат Велика Британија (19,9) и Романија (19,4).

Податоците на Евростат покажуваат и дека од 2 милиони наставници во основните училишта во ЕУ 85% биле жени и 15% мажи.