Средношколски самит за кариерен развој во понеделник во „Сити мол“

Во понеделник (22 април) во „Синеплекс“ во трговскиот центар „Сити Мол“ ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е во организација на „Growth Labs Academy“ во соработка со Сојузот на средношколците.

Организаторите најавуваат дека на самитот ќе бидат опфатени теми за важноста на неформалното образование и континуираното учење, за тоа како средношколците да ја изберат својата идна професија и како да започнат кариера со создавање на силен персонален брендинг.

Дополнително, предвидена е и панел-дискусија на која фокусот ќе биде ставен на правилното насочување на младите за да имаат кариерен успех во иднина.

Заинтересираните можат да се пријават за учество на настанот преку следниов ЛИНК.