„Средноленд“ – средношколска манифестација од 22 до 27 април

Средношколската манифестација „Средноленд“ оваа година ќе се одржи од 22 до 27 април, на неколку локации како Културно-информативниот центар Скопје, Младинскиот културен центар и на сцената Лепеза во Градскиот парк.

Официјалното отворање на настанот ќе се одржи во понеделник од 11 часот на плоштад Македонија.

Во склоп на манифестацијата ќе се одржат театарски претстави, свирки, проекција на филмови и слично.

Целосната програма за манифестацијата погледнете ја во продолжение.