Спектакуларно отворени Зимските олимписки игри во Пекинг

Зимските олимписки игри во Пекинг денеска беа спектакуларно отворени со церемонија на стадионот „Птичјо гнездо“, кој беше изграден и се користеше за Летните олимписки игри во 2008 година. Церемонијата на отворање беше водена и режирана од познатиот режисерот Жанг Јиму.

Церемонијата која се одржа на првиот ден од пролетта според кинескиот календар, започна со настап на танчери кои мавтаа со зелени светлечки стебленца за да ја покажат виталноста на тоа годишно време, по што следеше „експлозија“ од бели и зелени огномети кои ги испишаа зборот „пролет“.

Знаменоносец од Северна Македонија, како што соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК) беше Дардан Дехари. Земјава во Пекинг ќе ја претставуваат тројца спортисти, односно Дардан Дехари, Ставре Јада и Ана Цветановска.

На Зимските олимписки игри ќе се натпреваруваат 2.871 спортисти од 91 земја во седум спортови, односно во 15 спортски дисциплини и ќе бидат поделени 109 комплети медали.