Солидарна донаторска акција во СЦ „Дуња“ во сабота

Социјалниот центар „Дуња“ во сабота од 14 до 17 часот организира солидарна донаторска акција за помош на погодените лица од економската криза.

Оттаму посочуваат дека на акцијата ќе се собираат донации во храна, средства за хигиена, пелени за бебиња, детска облека, училишен прибор и парични средства.

„Имајќи ја во предвид невработеноста која постојано е во пораст, а исто така и поскапувањето на основните прехранбени производи, свесни сме дека голем број луѓе се втурнати во бездната на сиромаштијата неможејќи да ги покријат основните трошоци за живот“, стои во најавата за настанот.

„Дуња“ се наоѓа на улица „Рајко Жинзифов“, број 22.