Вечерва (20 септември, петок) започнува книжевно-мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“ #8 кој ќе се одржува од 20 до 22 септември во кафе-книжарницата „Буква“.
„На годинешното издание ќе може да проследиме шест промоции на книжевни дела, два музички настапи, краток документарен филм и изложба на фотографии“, велат од издавачката куќа „Бегемот“ која е организатор на фестивалот.
Во продолжение погледнете ја целосната програма:
20.09.2024
Изложба на фотографии: „Траги на времето“, Наташа Гелева Лени
19:00 – Разговор за книгата: „Градоначалникот на Хипнополис“ од Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска (Бегемот, 2024); со В. Мартиновски и Л. Капушевска-Дракулевска разговара Владимир Јанковски
20:00 – Џез концерт – трио Филип Букршлиев, Благојче Томевски и Дориан Јовановиќ
21.09.2024
18.00 – Разговор за книгата за деца „Најмалиот џин Џуџо и најголемото џуџе Џино“ од Николина Андова Шопова и Наталија Лукомска (Бегемот, 2024); разговараат Николина Андова Шопова, Наталија Лукомска и Ѓоко Здравески
19.00 – Разговор за книгата: „Зентрифуга“ од Иван Шопов (Бегемот, 2024); со Иван Шопов разговара Калина Малеска
20:00 – Разговор за книгата: „Земја без залез“ од Марија Андријашевиќ, Хрватска (Бегемот, 2024); со Марија Андријашевиќ разговара Владимир Јанковски
21:00 – Музичка програма со Шурбе
22.09.2024
19:00 – Разговор за книгата: „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2024); со Ѕвездан Георгиевски разговараат Васко Маглешов и Иван Шопов
20:00 – 120 години Гомбро, разговор за книгата „Маскарада“ од Витолд Гомбрович (Бегемот, 2024); разговараат Филип Димевски и Бранко Тричковски
21:00 – Проекција на краток документарен филм за Витолд Гомбрович
Фестивалот се одржува со поддршка од Министерство за култура на РСМ и книжевната мрежа Традуки.