Снимките од бинарниот ѕвезден систем што ги направи „Џејмс Веб“ ја решија мистеријата околу него

Научниците ја открија мистеријата околу „прашливиот“ ѕвезден систем што ја сними телескопот „Џејмс Веб“ во август годинава, пишува „Би-Би-Си“.

Станува збор за „Wolf-Rayet“ или „WR“ ѕвезди, односно хетероген сет на ѕвезди уште познат и како бинарен ѕвезден систем што се наоѓа на растојание од 5.000 светлосни години од Земјата.

Околу ѕвездениот систем се забележуваат прстени што всушност претставуваат обвивки од прашана и се протегаат на 10 трилиони километри во вселената, односно 70.000 пати повеќе од растојанието меѓу Земјата и Сонцето.

Својствата и начинот на кој се однесуваат ѕвездите во системот, според научниците објаснува како се произведуваат обвивките од прашина. Тие се настануваат кога двете главни ѕвезди се доближуваат блиску една до друга нивната орбита. Ветровите што се создаваат кога ѕвездите се движат се компресираат и на тој начин се создаваат честички од прашина.

Научниците откриваат дека поголеми количества прашина се создаваат тогаш кога ѕвездите се движат на подолго растојание една од друга, а не кога се наоѓаат најблиску една до друга.

Водечкиот автор на студијата изјавил дека овој систем е набљудуван повеќе од еден век.

„Претходните набљудувања можеа да детектираат присуство на 3 вакви прстени, а сега гледаме 17, што повторно говори за моќта на ‘Веб’“, изјавила д-д Оливиа Џонс која работеше на креирањето на „Џејмс Веб“.