Диско движењето во 70-тите е предвесник на сегашните слики што ги претстави „Џејмс Веб“

Најновите фотографии произведени од телескопот „Џејмс Веб“ се навистина импресивни, но диско футуризмот од 80-тите и електронското дуо „Дафт панк“ од ’93 го направија тоа први, пишува весникот „Гардијан“.

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон изјави дека ова се најдлабоките и со најостра резолуција фотографии направени во инфрацрвена светлина од далечниот универзум досега.

Всушност, пионерите на диско движењето во 1970-тите го започна заострувањето и разубавувањето на сликите од вселената што сега ги гледаме. Тие додаваа повеќе сјај на ѕвездите и го осветлуваат обоениот спектар на космосот. Сега, зачудувачките, „фанкaделични“ слики од телескопот сугерираат дека тие навистина биле во право – вселената навистина е дотолку „груви“.

Изгледа дека музичките фанови сe позаинтересирани да ги споредуваат сликите со омотот на дрим поп, фанк и диско албумот од „Cocteau Twins“, „Parliament“ и саундтракот на „Saturday Night Fever“ што се естетски адаптирани, но астрофизички неточни во однос на новите сознанија за небото.

Омоти на албумите: „Lonnie Liston Smith“, „Tangerine Dream“, и „Daft Punk“ и „Leiji Matsumoto“

Додека приврзаниците на науката новите снимки ги гледаат како нови интерпретации на светлината од пред неколку еони, оние што се понаклонети кон ноќните клубови и користеле плочи со омоти на кои е претставен ѕвездениот универзум, на новите телескопски фотографии на „Веб“ сега гледаат како на нешто познато и како да веќе биле таму претходно.

Човекот што прв го лансираше диско движењето во длабочините на вселената е италијанскиот диџеј Даниел Балдели, кој во 1970 година беше вработен во клубот „Космик“ во северна Италија. Таму, Балдели комбинирал конвенционална соул и фанк плочи заедно со бритнаски и европски техно поп продуциран со афрички и бразилски звуци како и инсерти од германскиот „краутрок“ од бендови како „Tangerine Dream“ и „Ash Ra Tempel“.