Слушачка промоција на албумот на „Stoned Hedge“ во Гостивар

Македонскиот инди-рок бенд „Stoned Hedge“ вечерва (22 мај) од 20 часот го промовира својот прв албум во „Rock Bar Pink Floyd“ – Гостивар.

Албумот насловен како „Hello World“ е продуциран во Студио 1060 на Дени Крстев, а како издавач се запишува Password Production.

„Настанот е планиран во формат на слушачка промоција со многу дружење и слушање на албумот во лабава атмосфера“, се вели во најавата за настанот.

На оние што им се допаѓа нивната музика, ќе имаат можност да го поддржат бендот преку купување на merch-от кој што ќе биде изложен на настанот.

„Дојдете, поддржете македонска авторска музика и уживајте во убавата енергија на овој нов бенд. Се гледаме во Гостивар!“, стои во најавата.