Скопје Постер Фестивал во Concept 37

Скопје Постер Фестивал во Concept 37Во петок (16 октомври) започнува Скопје Постер Фестивал во Concept 37. Настанот се отвора во 20 часот, со ретроспективна изложба на најдобрите постери од последните 5 години.

Во моментов е распишан натпреварот за постери кој има за цел да разгледа дали е возможно да се воспостави визија за начинот на размислување за граѓаните во 2020 година, и ако е можно, тогаш што може да се очекува?

Конкурсoт Citizens 2020 е отворен за сите студенти и на постерите треба да биде претставена визијата на младиот човек- студентот кој гледајќи кон неговата иднина, ќе се обиде да го замисли светот кој ги исполнува (или не) неговите очекувања.

Овој пристап треба да им овозможи на меѓународните студенти дасе вклучат во натпреварот и да се замислат како граѓани на светот во 2020 година во Европа, Африка , Латинска Америка , Јужна Америка, Азија, Кина …

Скопје Постер Фестивал во Concept 37Темата може да се опише и на поинаков начин, дава различни опции на толкувања имајќи ги во предвид проблемите и перспективите со кои се соочува секој на патот кон иднината. Проектот треба да им даде шанса на младите луѓе да ги изразат своите мисли, потенцијали и можности, но и да им помогне во ширење на нивните идеи.

Минатата година темата на овој конкурс беа парите, а настанот тогаш беше насловен Money for free.