Шведски научници за првпат издвоија РНА молекули од истребени животински видови

За првпат во светот, шведски научници успешно издвоија РНА молекули од истребен животински вид – во случајов – вид на тасманиски тигар стар еден век.

Се верува дека тасманиските тигри се истребени од 1936 година, кога последното животно од видот починало во зоолошка градина во 1936 година.

Но, останките на животното биле презервирани и зачувани во шведскиот Природонаучен музеј, што дозволило денес научниците да извадат примерок од остатоците.

РНА молекулите се значително помали од ДНА и истражувачите претходно веруваа дека тие се разградуваат пребрзо на собна температура, што прави подвигот на шведските научници да биде многу важен.

„Ова е првпат некој успешно да издвои РНА молекули од истребен животински вид“, изјавила Лав Дален, професорка по еволуционерни геноми во Стокхолмскиот универзитет.

Според Дален, целта на проектот не е да се „оживеат“ истребените животински видови, туку да се мапира како РНА вирусите еволуираат.