Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Галерија] „МКЦ е нашата светилка во темното“ – стотици граѓани на протестен музички собир во одбрана на МКЦ

Млади, возрасни и деца, луѓе од повеќе генерации попладнево се собраа пред платото на Младинскиот културен центар (МКЦ). Со музичка програма на бројни изведувачи, стотици граѓани денеска се забавуваа, потпишуваа петиција, а истовремено на тој начин и протестираа во одбрана на МКЦ. Музичарите пред и по нивниот настап порачаа да се чува МКЦ и културата.

2. Пет проблеми што остануваат и по денешниот Меѓународен ден на образованието

На Денот кога институциите обично се фалат со своите достигнувања, ние потсетуваме на дел од предизвиците кои години натежнуваат на системот, а решенија не се најдоа ниту досега, со што тешко оди и „пркнувањето“ на цело општество.

Спортската сала на УКИМ денес, проект вреден 154 милиони денари / фото: Радио МОФ

3. Арсовска со обвинувања до МКЦ, додека „Сите за МКЦ“ протестираше пред Град Скопје

Буџетот на МКЦ не е скратен, нема никаква партизација, ниту нерегуларност со новиот в.д. директор детектив, туку претходниот директор во МКЦ има направено незаконски дела, тврдеше денес градоначалничката Данела Арсовска, која се појави на прес-конференција во Град Скопје, откако вчера претходно протестна акција таму најавија од неформалното движење „Сите за МКЦ“.

Ова следува по неделниот одржан протестен музички собир пред култниот Центар. Се собраа над 1.000 рачни потписи, а од завчера и над 5.000 онлајн потписи за враќање на буџетот на МКЦ на 25 милиони и за спроведување фер и конкретен конкурс за избор на директор.

4. Покрај клеветите и притисоците, креираме европски простор за младите, велат од МКЦ

По вчерашните обвинувања на градоначалничката Данела Арсовска за несоодветно работење на Младинскиот културен центар (МКЦ), но и разрешувањето на досегашниот в.д. директор Ванчо Николов, денеска Програмскиот колегиум на Центарот на прес-конференција рече дека ова се тешки денови за МКЦ, но и културата воопшто. Посочуваат на разни клевети, невидени притисоци врз вработените, паушални толкување на законите и правото. Но истовремено, велат тие, најважно е што младите во Скопје ги разбираат нивните заложби – да креираат европски простор, наменет токму за младите.

5. #РаскажиМи: „Пропаста на светот“ – збир кратки раскази од Горан Петревски II дел

Овојпат во #РаскажиМи читаме збир раскази од Горан Петревски. Исполнети со луцидност и напишани во совршено кратка форма, и претходно објавивме дел од расказите на Петревски.

Макс Ернст, „Искушението на Свети Антониј“ (1945)

+ Бонус:

#НизТвојотОбјектив – „Човек во простор“ од Јани Патче

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме избор фотографии од младиот фотограф Јани Патче.

Циклусот „Човек во простор“, како што вели тој, е резултат на улично фотографирање во Австрија и Словенија.