Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Фото] „Ајде да ги замениме оброците“ – студентите им оставија лепче и зденка на пратениците

Чинии со лепче и зденка беа оставени попладнево пред законодавниот дом, каде десетици студенти протестираа и од пратениците побараа „да ги заменат оброците“. Во собраниската зграда пак, течеше средба помеѓу претставници на универзитетските студентски собранија, пратеници и претставници од Министерството за образование и наука, откако по бурните реакции на јавноста беа повлечени измените на Законот за субвенциониран студентски оброк.

Студентите пред Собранието извикуваа „Нема да ви помине“, а истовремено беше испишан и зборот „отпор“ на асфалтот од блокираната улица.

фото: Радио МОФ

2.  Помалку пари за учениците, студентите и наука, а повеќе за плати – Што предвидува Предлог буџетот за 2023 [Инфографик]

4. [Фото] Со минута молк за студентскиот стандард заврши Студентскиот марш пред МОН

Со подигнати жолти картони за „прва опомена“, минута молк за студентскиот стандард, скандирања „Студентски отпор“ и говори, вечерва студентите го завршија Студентскиот марш пред Министерството за образование и наука.  Студентите претходно се собраа пред Владата на РСМ, а потоа маршираа по скопските улици носејќи транспарент со порака „Дали е ова 1939? Без образование нема држава“.

Фото: Радио МОФ

5. За наука ќе има најмал буџет во последнава деценија, а министерот Шаќири се фали со вложувања во научни истражувања

„Науката е мотор на практиката, стожер без чиишто научни докази и достигнувања е невозможен каков било прогрес“.

Ова се зборовите со кои вчера министерот за образование, Јетон Шаќирисе обратил пред присутните на Меѓународниот конгрес на хуманистички и општествени науки и уметности на Универзитетот во Тетово.

Позадинска фотографија: МОН