Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Стапки или метри? Исток или запад? Какви грешки најдовме во новите учебници за основно

Монт Еверест е највисока точка на земјата на 29.035 метри надморска височина. Најниска точка е Мртвото Море, кое е повеќе од 1.400 метри под морското ниво“.

„На исток нашата земја се граничи со Република Албанија (…) На запад со Република Бугарија“.

Овие три погрешни факти се дел од учебникот „Историја и општество“ за 5 одделение во македонските основни училишта кој е дел од новите учебници издадени од Министерството за образование и наука (МОН) според новата концепција за основно образование.

Стапки или метри? Исток или запад? Какви грешки најдовме во новите учебници за основно

2. [Фото] Скопје се подготвува за новогодишната ноќ, градските власти сè уште без детали за прославата

На централниот плоштад „Македонија“ во Скопје се поставуваат типизирани куќички околу површинската фонтана која е под градежни зафати. Куќичките се поставуваат за новогодишната прослава во градот, потврди за Радио МОФ еден од работниците кој работеше на нивната инсталација.

Но, во меѓувреме градските власти иако најавија украсување на градот и дочек за нова година, сè уште немаат објавено детали кога ќе почне, колку ќе трае програмата, но и колку пари ќе чини прославата.

[Фото] Скопје се подготвува за новогодишната ноќ, градските власти сè уште без детали за прославата

УКИМ падна 41 место на Рангирање според академски резултати [Инфографик]

4. Земјоделките произведуваат храна за сите и одгледуваат генерации, а немаат платено породилно отсуство

Земјоделките во Македонија, поточно 1.075 жени регистрирани како индивидуални земјоделци немаат право на платено породилно отсуство. Овие жени се здравствено осигурани и имаат редовна обврска да плаќаат здравствено и социјално осигурување, но тие не можат да пристапат до правото на платен надоместок за отсуство од работа поради бременост, раѓање или мајчинство.

Земјоделките произведуваат храна за сите и одгледуваат генерации, а немаат платено породилно отсуство

5. [Видео] Советниците на Град Скопје ги пречека божиќна елка со желби на граѓаните

„Дупло повеќе зеленило, дупло помалку бетон“, „Да дишам чист воздух“, „Да се подобри хигиената во градот“, „Нова пешачка зона во центарот на градот“, „Град Скопје да ми ги исплати субвенциите за велосипедот“, „Да има помалку партиски препукувања“.

Ова се некои од новогодишните желби на скопјани, поставени на божиќна елка која утрово ги пречека советниците на Град Скопје, непосредно пред почетокот на седницата на советот. Скопјани претходнo овие желби си ги посакаа преку платформата „Мој град“ на независната советничка група Зелен хуман град.

[Видео] Советниците на Град Скопје ги пречека божиќна елка со желби на граѓаните

6. ЕСЕ: 40% од Ромките не можат да си дозволат гинеколошки прегледи

35% од Ромките не одат на гинеколошки преглед дури и кога имаат потреба од истиот, додека 40% од нив не можат финансиски да си ги дозволат гинеколошките прегледи. Само 12% од оваа популација се опфатени во програмата за скрининг на ракот на грлото на матката на Министерството за здравство во периодот од 2018 до 2021 година. Ромките не се запознаени со опцијата за закажување на преглед со ПАП тест преку skrining.mk, а над 60% од нив немаат соодветни можности за да закажат преглед преку дигиталната платформа. Помалку од 20% од  Ромките биле на редовен превентивен гинеколошки преглед во последните 12 месеци.

ЕСЕ: 40% од Ромките не можат да си дозволат гинеколошки прегледи

7. НАкС: Законот за високо образование има основа, ама проблем се спроведувањето и финансирањето

Законот за високо образование беше донесен во 2018 година. Во оваа форма што е денес дојде откако во 2015 година предизвика контроверзии, но и протести и формирање Студентски и Професорски пленум. Дел од тој Професорски пленум сега е дел од Независниот академски синдикат (НАкС), кој вели дека за евентуални измени или ново законското решение слушнале од медиумите и не биле консултирани во процесот. Затоа денеска одржаа јавен стручен настан за да собираат мислења и критики за тоа што е добро, а што недостасува во регулативата, за потоа тој пакет предлози да оди до Министерството за образование и другите надлежни институции.

НАкС: Законот за високо образование има основа, ама проблем се спроведувањето и финансирањето

8. „Занаду“: За музика примарна е идејата, сè останато е своевиден компромис

Мелодии од соништа, рокенрол, тапани, штимани жици – вака звучи новиот албум на бендот „Занаду“ што беше промовиран вчера со свирка во „Биртија паб“.

„Занаду“ се Карло Јовановски, вокал и гитарист, басистот Андреј Крстевски, тапанарот Иван Богдановски и другиот гитарист Марко Атанасов кои од неодамна се приклучија кон младиот алтернативен бран присутен на македонската музичка сцена.

„Занаду“: За музика примарна е идејата, сè останато е своевиден компромис

9. „Чувајте го македонскиот јазик, да не го крпиме со туѓи зборови“, порача Ирена Јурчева на промоцијата на нејзината нова стихозбирка

Во скопската Градска  библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа промоцијата на „Огнот наш нестишен“, новата стихозбирка од поетесата и писателка Ирена Јурчева.

Во новата книга таа пишува за огнот како творечка сила и креативност, а еден од двајцата водечки ликови го именува Огнен што случајно се среќава со идејата за пароним на името на книгата.

„Чувајте го македонскиот јазик, да не го крпиме со туѓи зборови“, порача Ирена Јурчева на промоцијата на нејзината нова стихозбирка

10. „Бараме декриминализација на сексуалната работа“ – Црвените чадори го обоија сивото Скопје

Во Скопје се одржа јубилејниот петнаесетти марш на црвените чадори. По повод 17 декември – Меѓународниот ден за стоп на насилство врз сексуалните работници, црвените чадори од „Стар“ – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот заедно со ХОПС, ТрансФормА и Коалиција МАРГИНИ со мирен марш прошетаа низ центарот на главниот град.

„Бараме подобро и побезбедни услови за работа бараме признавање на трудот на сексуалните работници. Бараме декриминализација на сексуалната работа“, порачаа од колективот Стар.

„Бараме декриминализација на сексуалната работа“ – Црвените чадори го обоија сивото Скопје

#РаскажиМи: Извадок од романот „Енигматска Радијација“ од Ана Миланова

Овојпат во рубриката #РаскажиМи читавме извадок од романот „Енигматска Радијација“ на авторката Ана Миланова.

И тогаш, после многу долго време, Алпа Камаска се најде во пустината со врелиот дожд. Чекореше напред, настојуваше да се движи линеарно право. Се бореше со водата што шуштеше од врелост, но не престана да се движи. Беше тотално залутал. Чекореше со часови, а дождот никако да престане. Сѐ повеќе и повеќе душата му беше потисната и сѐ повеќе имаше шанси да таа згасне. Но, талкачот не се откажа.

#РаскажиМи: Извадок од романот „Енигматска Радијација“ од Ана Миланова