Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа работна недела, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Кои професии имаат најголеми, а кои најмали плати во С. Македонија? [Инфографик]

Просечната нето-плата во август оваа година во Северна Македонија изнесувала 28.642 денари, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика. Истовремено бројките покажуваат дека разликата меѓу најниската и највисоката плата според дејностите изнесува повеќе од 57 илјади денари. Радио МОФ направи листа од десетте најмногу и најмалку платените дејности во кои работат македонските граѓани според последните достапни податоци.2.Филип Букршлиев: Младите музичари ги има секаде, ама функционираме како тајно умерено криминално здружување

Фото: Скопје џез фестивал/Татјана Ранташа

Годинешната награда за најдобар млад македонски џез музичар на реномираниот „Скопје џез фестивал“ овојпат отиде во рацете на талентираниот скопски гитарист, композитор и импровизатор Филип Букршлиев.

3. „Телефонот ѕвони многу често“ – како се грижиме за децата кои преживеале сексуално насилство?

„Телефонот ѕвони многу често“, вели Јулија, СОС операторката на детската линија, на „Меѓаши“.

Таа работи како операторка на СОС линијата каде родителите се јавуваат да за добијат совет кога имаат некој проблем. Само во првата половина на оваа година, два повика на линијата биле за пријавување сексуално насилство врз деца. Прочитајте повеќе на линкот во насловот.

4. [Став] Што значи да се биде самохрано или еднородителско семејство, ДЕНЕС, во нашата земја?

„Драга публико, според насловот можете отприлика да изградете сопствени перцепции за се она што ќе пишувам во овој текст. Можеби ви звучи познато, можеби ви звучи клише, па заради тоа случајно или намерно ќе сретнете одредени термини кои мислите дека ви се доволно јасни, но сепак ќе увидите работи кои не би требало да се случуваат во 2021 година, во 21 век. Ова не е нов научен или истражувачки труд, ова е судбината на многубројните самохрани родители и еднородителски семејни конструкции во Република Северна Македонија“, пишува Станиша Станковиќ во колумна за Радио МОФ.

5. [Подкаст] Мегафон: Сајбер хигиена

Возможно ли е да го избришиме нашиот сајбер отпечаток? Како да се заштитиме од потенцијален сајбер инцидент? Која е врската помеѓу сајбер безбедност и демократијата? На овие и на уште неколку други прашања зборувавме со Гоце Арсовски од организацијата Метаморфозис, кој има долгогодишно искуство во оваа област.