Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. Шехи: Младите многу ретко ги перцепираат институциите како место за помош за менталното здравје

Неодамна во Македонија беше усвоена првата Национална стратегија за ментално здравје за млади. Податоците за менталното здравје на младите се загрижувачки и покажуваат дека голем дел од младите имаат предизвик со депресијата, стресот, анксиозноста и суицидалните мисли, а огромен дел од нив имаат поголема потреба за нега и грижа на менталното здравје. Стратегијата е предвидена да се реализира до 2026 година и во себе содржи општи и специфични цели, а со себе носи клучни препораки до бројни институции, но и до младинските организации.

Шехи: Младите многу ретко ги перцепираат институциите како место за помош за менталното здравје

2. YouThink: Видео игрите не се само „губење време“, тие те тераат да размислуваш и да се едуцираш

Видео игрите се начин на живот. Видео игрите се забава. Видео игрите се едукација. Видео игрите на младите им отвораат и неограничен „прозор“ за креативност, размислување и истражување, па паѓаат во вода сите оние клишеа и стереотипи дека тие се само „губење“ или „тепање“ време.

Гејмерите велат дека видео игрите се медиум чии пораки и содржини поврзуваат милиони луѓе, цели заедници што преку гејмингот се дружат, се надополнуваат и учат едни од други.

Затоа, со првата епизода од новата сезона видео подкасти „YouThink“ ја одбележуваме гејминг културата.

Во студиото на Радио МОФ гостин е Марио Спасевски ака Ninja Monkey, момак од гејминг сајтот gg.mk, а тука е и неговиот „partner in crime“ од подкастот „Дебели Гикови“ – Огнен Златков.

YouThink: Видео игрите не се само „губење време“, тие те тераат да размислуваш и да се едуцираш

3. Голготата наречена нови лични документи

Најмалку две и пол години по промената на уставното име, надлежните издаваа лични документи со старото име на државата на трошок на граѓаните. Во меѓувреме, самиот процес на замена на личните документи во Скопје се одвива хаотично и стресно за граѓаните кои побрзаа да добијат документи со „Северна“ на време. За аномалијата во овој процес имаше бројни реакции, а граѓани се жалат и поднесуваат претставки до Народниот правобранител.

Голготата наречена нови лични документи

4. Балканскиот рис вметнат во Бонската конвенција, Македонија и Албанија со здружени сили ќе го штитат неговиот опстанок

Евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови.

Ваквите вести дојдоа од четиринаесеттата Конференција на Бонската конвенција, која од 12 до 17 февруари се одвива во Самарканд, Узбекистан.

Диме Меловски од Македонското еколошкото друштво (МЕД) ги карактеризира како „одлични вести за сите заштитари од Европа и Азија“.

Балканскиот рис вметнат во Бонската конвенција, Македонија и Албанија со здружени сили ќе го штитат неговиот опстанок

5. „Луфтанза“, „Фанк Шуи“ и „Корпорација Вагина“ номинирани за наградите „ХЕМИ“

„ПИН конференција“, која е под закрила на „Пасворд продукција“, објави дека домашните состави „Луфтанза“ (Lufthansa) „Фанк Шуи“ (Funk Shui) и „Корпорација Вагина“ (Vagina Corporation) се меѓу 27-те номинирани за музичките награди „ХЕМИ“ за 2024 година.

По првата фаза на номинации, во втората има селекција на 9 финалисти-интернационални изведувачи, за кои одлучуваат гласови на меѓународно жири од претставници на фестивали и изложбени конференции, музички сали, букинг агенции, музички асоцијации, институции за музички експорт и музичките медиуми.

„ХЕМИ Музички Награди – ХМА“ претставува талент-програма за изведувачи, со цел тие да се развиваат, прошируваат и да освојат меѓународна публика и пазар.

„Луфтанза“, „Фанк Шуи“ и „Корпорација Вагина“ номинирани за наградите „ХЕМИ“