Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. ИТ и медицината омилени професии за младите, но не се многу запознаени со државните мерки или зелените бизниси

Повеќе од половина млади од Македонија работат на професии за кои не се школувале, што го покажува јазот меѓу формалното образование и пазарот на трудот, а можноста за висока заработка е најголема причина за популарноста на професиите кои се атрактивни за младите.

Ова го покажува новото истражување „Младински аспирации за кариера и вештини“, спроведено во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности во партнерство со Министерството за труд и социјална политика, во кои преку анкети или фокус групи биле собрани ставовите на над 2.100 млади на возраст од 15 до 29 години од сите региони низ земјава.

ИТ и медицината омилени професии за младите, но не се многу запознаени со државните мерки или зелените бизниси

2. Медиумската писменост создава „филтер“ за дезинформации

Независно дали доаѓаат од социјалните мрежи, од некои проблематични онлајн медиуми или инфлуенсеридезинформациите се постојано присутни. Насекаде. Дезинформациите знаат да им направат забуна на младите, па затоа е потребно тие да одржуваат дигитална „хигиена“, а на подолг рок да создадат и индивидуелен „филтер“ преку подобро сфаќање на концептите на медиумската писменост.

Обичниот консумент е секојдневно „бомбардиран“ од информации. Од една страна, ја имаме таа хиперинформираност преку десетиците видови медиуми, социјални мрежи и комуникациски платформи. Информациите го надминуваат капацитетот на мозокот да ги обработи. Затоа голем дел од нив се следат површно, или се чита насловот, а многу од медиумите се „адаптираат“ со кратки „фаст-фуд“ содржини или километарски наслови за да „кажат се’“. Фокусот, истовремено, се’ повеќе е на борбата за кликови, а не за квалитет.

Медиумската писменост создава „филтер“ за дезинформации

3. [Фото] Со поезија, музика и изложба студенти ги одбележаа родендените на Конески и Шопов

Со мултимедијален студентски настан преку поезија, музика и ликовна изложба, Факултетското студентско собрание на Филолошкиот факултет го одбележа патрониот празник – роденденот на Блаже Конески.

Студенти од Филолошкиот, Факултетот за музичка уметност како и Факултетот за ликовна уметност на 19 декември ја исполнија аулата на Филолошкиот факултет. Тие читаа авторски и песни од Конески, свиреа нумери и претставија скулптури и слики кои ги работеле во текот на семестарот.

[Фото] Со поезија, музика и изложба студенти ги одбележаа родендените на Конески и Шопов

4. Кој земаше највисока, а кој најниска плата во октомври [Инфографик]

Просечната нето-плата во октомври 2023 година во Северна Македонија изнесувала 38.843 денари, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Оваа цифра е за 17,3% повисока од просечната нето-плата за истиот месец лани.

Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сѐ, на растот на платите во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26,2%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,2%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20%).

Кој земаше највисока, а кој најниска плата во октомври [Инфографик]

5.  [Галерија] Суперхероите предновогодишно ги посетија најмладите на Клиниката за детски болести