Шинед О’Конор е номинирана за „Рокенрол салата на славните“

Шинед О’Конор е номинирана за „Рокенрол салата на славните“ (Rock & Roll Hall Of Fame) заедно со Шер, Мараја кери и Оазис.

Ирската пејачка која почина лани во јули на 56-годишна возраст се прослави во 1985 со баладата „Ништо не се споредува со тебе“.

Засега се номинирани 15 дела, а се очекува да се намали бројот на тие што ќе бидат примени во „Салата на славните“. Финалистите ќе би избираат 1.000 експерти од индустријата, а ќе има и јавно гласање, по што победниците ќе бидат соопштени во април

Церемонијата ќе се одржи подоцна годинава во „Рокенрол салата на славите“ во Кливеленд, Охајо.

Артистите добиваат право да бидат номинирани и примени 25 години по издавањето на првиот албум. Листата на номинирани музичари за оваа година е достапна овде.