Шанса за Центар: Во градовите се’ уште имаме 7 големи болници што се греат исклучиво на мазут, истовремено лечат и заболуваат

„Повторно трка на дното. Дали Скопје, дали Сараево ќе биде најзагаден град во регионот?“, прашуваат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар.

Од таму посочуваат дека на прагот сме на 2024-та година, а во нашите градови се’ уште имаме 7 големи болници кои се греат на исклучително валканиот мазут. Истовремено лечат и разболуваат.

„Стотици други јавни објекти горат милиони литри нафта за греење и оваа како и претходните зими. Нафтата за греење содржи 100 пати повеќе сулфур отколку дизел горивата за возилата“, реагираат од Шанса за Центар.

Активистите потсетуваат и на мапата што ја изработија  со јавни објекти што го загадуваат воздухот, кои ги има барем над 700.  Шанса за Центар само во Скопје мапираше над 100 јавни објекти – болници, градинки, училишта, касарни, судови… и други установи кои користат нафта и мазут и покрај тоа што градот има централно парно греење.