Секоја минута во светот умираат по 11 луѓе од глад – бројот на гладни луѓе зголемен за шест пати

Секоја минута, 11 луѓе во светот умираат од глад, објави организацијата Оксфам, а шест пати повеќе луѓе се гладни отколку минатата година ова време, се наведува во извештајот „Вирусот на глад се множи“. пренесува „Н1“.

Од Оксфам наведоа дека изминатата година повеќе луѓе умреле од глад отколку од коронавирусот. Од последици од вирусот, во минута умирале по седум лица.

Претседателката на организацијата, Аби Максман рече дека ваквата статистика е застрашувачка, но дека мора да се земе предвид дека станува збор за луѓе кои страдаат и дека и еден човек кој умира од глад е премногу.

Гладот воглавно е предизвикан од воените конфликти во државите.

Максман додаде дека сега околу 155 милиони луѓе во светот живеат во неизвесност кога станува збор за прехрана.