Секој ден без климатска акција е „потрошен ден“, вели Дејвид Атенборо

Британскиот натуралист Дејвид Атенборо денеска ги предупреди светските лидери дека ќе биде предоцна за справување со климатските промени доколку климатскиот самит на ОН во Шкотска не успее, и рече дека побогатите нации имаат морална одговорност да дејствуваат, јавува „Ројтерс“.

Велика Британија ја означи климатската конференција КОП26 како последна шанса за забавување на порастот на температурите и се надева дека ќе ги убеди лидерите да усвојат построги климатски цели.

Атенборо за „Би-Би-Си“ изјави дека би било „навистина катастрофално“ доколку побогатите нации не успеат да ги поддржат посиромашните земји, додека времето истекува.

„Секој ден кој поминува и во кој не правиме нешто за тоа е потрошен ден. Ако не дејствуваме сега, ќе биде предоцна“, рече Атенборо.

ОН вчера соопшти дека концентрациите на стакленички гасови достигнале рекорд минатата година.

ОН: Рекордна концентрација на стакленички гасови и во 2020 година