Се замрзнува маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10%, соопшти министерот Бектеши

Владата денеска донесе Одлука за определување највисока трговска маржа како посебен услов во трговијата за огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев во висина најмногу до 10% за сите трговци, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Висината на трговската маржа, како што наведуваат од Министерството за економија ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало, а во висината на трговската маржа не се пресметува транспортот за испорака на стоките до крајните.

Од ресорното министерство посочуваат дека причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.