Самостојна изложба на Анѓел Димовски Чауш

69 уметнички дела, односно скулптури, цртежи и слики на скулпторот Анѓел Димовски Чауш, ќе бидат изложени во ликовниот салон на МАНУ на 4 март, петок, со почеток во 20 часот.

Делата се изработени од бронза, дрво, алуминиум и мермер, а го претставуваат авторовиот труд од изминатите педесет години. На изложбата ќе бидат поставени и нови дела на Чауш, кои се изработени во последните неколку години, а кои досега не се изложувани.

Изложбата ќе биде отворена од Академик Васко Ташковски.

Изложбата на Анѓел Димовски Чауш биде отворена до крајот на март, а влезот е бесплатен.