Саем на книгa во ЕУ-инфоцентарот од 23 до 29 септември

Од 23 до 29 септември, во ЕУ инфо центарот во Скопје, ќе се одржи Саемот на книга – Програма за култура на Европската Унија. На саемот ќе бидат претставени книги преведени во рамките на Програмата Култура на ЕУ и Европскиот ден на јазиците.

Саем на книги во ЕУ-инфоцентарот од 23 до 29 септември

Меѓу другите, гостинка на саемот ќе биде писателката Ирен Ниг од Лихтенштајн. Нејзината книга “Зборообразувајќи ги местата” ја доби наградата на ЕУ за литература во 2011 година. Оваа книга беше издадена и во Македонија, во издавачката куќа „Вермилион“, во превод на Ксенија Чочкова.

На 25 септември, среда, во 12 часот, Ирен Ниг ќе зборува за својата книга и за Лихтенштајн. Книгата ќе ја промовира Александра Соколовска, додека авторката ќе чита, рецитира, а понекогаш и пее извадоци од книгата.

Предвидени се и многу други активности: Литературни читања и разговори со писателите Ѓерѓ Конрад од Унгарија, Родан ал Галиди од Холандија, Мелина Камериќ од Босна и Херцеговина, Душан Чатер од Словенија; панел дискусии за преводите на Хомер и другите старогрчки и римски драмски дела, француските симболисти; најава на конкурсот за најдобар млад преведувач “Вавилон”, литературни читања за деца, како и промоција на 165-те книги преведени во рамките на Програмата Култура.

Целосната програма на саемот можете да ја погледнете на следниов линк.