Русија ги изрече првите пресуди на луѓе кои истакнуваат ЛГБТ симболи

Два руски суда неделава ги изрекоа првите пресуди во врска со она што владата го нарекува „меѓународно ЛГБТ социјални движење“ што минатата година го прогласи за екстремистичко, пишува „Гардијан“.

Во четвртокот, судот во јужниот регион на Волгоград прогласи човек за виновен поради „прикажување симболи од екстремистичка организација“ откако објавил фотографија од знамето на ЛГБТ на интернет, според прес-службата на судот.

Човекот познат како Артојм П кому судот му наложи да плати казна од 1.000 рубљи (10.20 евра) ја признал вината и се покајал, притоа изјавувајќи дека ја објавил сликата „од глупост“, кажаа од судот.

Во понеделникот судот во Нижи Новогорот, источно од Москва осуди жена на пет дена административен притвор затоа што носела обетки во форма на жаба со слика од виножито, соопшти групата за ЛГБТ права, Егис. Таа била повикана во полиција откако човек ја снимал додека ѝ се приближува во кафуле и ѝ вели да ги извади обетките, а потоа видеото го објавил на интернет.

Следната недела ќе продолжи судењето на фотограф од Саратов кој објавил фотографии со знаме од виножито на Инстаграм, соопшти независниот руски медиум „Мидазона“.

Рускиот врховен суд го забрани ЛГБТ движењето минатиот ноември, продолжувајќи со органичување на слободата на изразување сексуална ориентација и родов идентитет. Минатиот јули беше усвоен закон кој ги забрани правните и медицински промени на полот за трансродовите лица во Русија, додека ЛГБТ референците беа отстранети од книгите, филмовите, рекламите и телевизиската програма.

Полициски рации во геј баровите во Москва откако властите го забранија меѓународното ЛГБТК+ движење