Русија блокираше 50 сајтови поврзани со Алексеј Навални

Руските власти блокираа пристап до бројни веб-страни поврзани со затворениот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, пренесува „Еуроњуз“.

Поддржувачите на Навални истакнале дека меѓу забранетите интернет сајтови е и официјалниот сајт на Навални, како и неколку други кои се водени од негови блиски соработници.

Веб-страните на главниот стратегист на Навални, Леонид Волков и долгогодишната соработничка Љубов Собол, биле помеѓу цензурираните интернет содржини.

Фондацијата за борба против корупција и мрежата на 40 регионални канцеларии беа прогласени за екстремистички и нелегални минатиот месец.

Државниот надзор за комуникација, „Роскомнадзор“, потврди дека пристапот кон веб-страните бил воведен по донесената одлука на Канцеларијатa на рускиот генерален обвинител.

„Блокирани се интернет содржините кои се употребуваат за пропаганда и продолжување на забранетите екстремистички активности од канцелариите на Навални“, изјави „Роскомнадзор“.

Ваквиот потег е одговор на владиниот притисок кон поддржувачите на опозицијата, независните новинари и активистите за човекови права пред државните парламентарни избори.

„Тие едноставно одлучија да не избришат од рускиот интернет“, изјавил Марија Певчик, дел од канцеларијата на Навални.

Иван Жданов, еден од блиските соработници на Навални во своја објава на „Инстаграм“ изјавил дека не е изненаден дека веб-страните се блокирани, туку напротив, биле подготвени за цензурирањето.

Жданов ги повикал поддржувачите да го следат тимот на Навални на социјалните мрежи, каде блокирањето е потешко.

Навални беше уапсен во јануари, на враќање во Германија, каде помина пет месеци во опоравување од труење за кое тој смета дека е порачано од Кремлин, нешто што руските власти го негираат.

Во февруари, на Навални му беше одредено да отслужи казна од две и една и пол година поради прекршување на правилата на условната казна од пресудата за проневера во 2014 година што тој ја отфрли како политички мотивирана.

Неговиот притвор предизвика бранови од масовни протести, по кои следуваа бројни апсења од страна на Кремлин.

Изборите во септември во Русија се сметаат за важен дел од обидите на Путин да ја „зацементира“ неговата функција пред претседателските избори во 2024 година.