Русија бара повторно да се приклучи на Советот на ОН за човекови права

Русија бара повторно да се приклучи на Советот на ОН за човекови права, преку гласање на кое се гледа како важен тест за нејзината интернационална поставеност.

Русија беше отстранета од Советот минатиот април, поради воената инвазија врз Украина. Но сега, руските дипломати бараат нивната земја да биде ре-избрана во Советот, и да добие нов членски мандат во траење од три години.

Од „Би-Би-Си“ добиле копија од документите со кои Русија бара гласови од членовите на ОН, а оттаму посочуваат дека гласањето за одлуката ќе се случи нареден месец.

Во документите видени од страна на новинарите на „Би-Би-Си“, Русија ветува дека „ќе пронајде адекватни решенија за пропустите на човековите права“, а бара од Советот да престане „да биде инструмент кој служи за остварување на политички цели на група земји“, алудирајќи на Западот.

Дипломатите велат дека Русија се надева на враќање на својот интернационален кредибилитет откако е обвинета за прекршување на човековите права во Украина и граничните предели.

Најновите докази да прекршувањата беа презентирани на Советот во понеделникот, од страна на Комисијата на Украина.

Според Ерик Мос, претставник на Комисијата, постојат докази за воени дела како тортура, силување и напади врз цивили.

Во претходен извештај, поднесен пред две недели од страна на специјалниот репортер за Русија, Маријана Кацарова,  се вели дека состојбата на човековите права во Русија е во сосема надолна линија, а критичарите на инвазијата се подложни на апсења, тортура и лош третман.

Советот на ОН за човекови права се наоѓа во Женева и се состои од 47 земји-членки, кои имаат право на тригодишен мандат.

Во следните избори, закажани за 10 октомври, Русија е во потесен избор со Албанија и Бугарија за две членства во Советот, резервирани за централни и источни европски земји.