Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Романија и Бугарија по 13 години чекање вечерва на полноќ станаа 28-те и 29-те членки на големата Шенген зона на слободно движење, пренесува Н1.

Ова се однесува на движење по море и воздух, додека слободното движење по копно сè уште не е одобрено.

Романија и Бугарија на оваа одлука чекаа 13 години поради ветото на Австрија, единствената земја што се спротивстави во рамките на ЕУ, поради страв од напливот на азиланти од тие две земји.

Прашањето за отворање на копнените граници меѓу двете земји е одложено и се очекува дека ќе се реши во текот на оваа година.

Австрија беше подготвена да ги олабави правилата за управување со воздушниот сообраќај доколку Брисел ги зајакне надворешните граници на ЕУ. Откако таа цел беше постигната, Австрија ја поддржа идејата за таканаречениот „воздушен Шенген“.

Бугарија и Романија се членки на ЕУ од 2007 година.