ЕУ одлучи да ја прими Хрватска во Шенген зоната

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и шенгенскиот простор гласаа за влез на Хрватска во Шенген зоната. За одлуката беше потребна согласност од сите земји од ЕУ кои се членки на Шенген, додека четири надворешни членки кои се надвор од ЕУ не одлучуваат за тоа.

На двата подготвителни состаноци на Одборот на постојаните претставници, првиот одржан на 1 декември, а втората вчера, немаше забелешки во однос на хрватското членство.

Со оваа одлука Хрватска од 1 јануари и официјално ќе стане дел од Шенген зоната.

Сепак, како што јавуваат дописниците на хрватските медиуми во Брисел, Бугарија и Романија не добиле зелено светло за влез во Шенген зоната.