Рекордни 1.422 новозаразени со Ковид-19, починаа 33 лица

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 33 лица, односно, 12 пациенти од Скопје на 83, 82, 81, 75, 74, 72, 70, 70, 69, 62, 43 и 38 години, по тројца од Тетово на 69, 60 и 41 година и од Кавадарци на 78, 77 и 71 година и по двајца од Битола на 83 и 65 години, од Прилеп на 73 и 68 години и од Ресен на 75 и 66 години.

Од Ковид-19 починало и по едно лице од Куманово на 62 години, Гостивар на 57 години, Охрид на 64 години, Струмица на 72 години, Струга на 76 години, Крива Паланка на 85 години и Валандово на 79 години.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 1.422 нови случаи со Ковид-19, односно, ова претставува досега највисока бројка на заразени од почетокот на епидемијата во земјава. Регистрирани се 618 случаи во Скопје, 94 во Куманово, 89 во Прилеп, 76 во Велес, 63 во Тетово, 54 во Гостивар, 53 во Кавадарци, 50 во Битола, 39 во Штип, 38 во Гевгелија, 33 во Охрид и 27 во Струмица.

Потоа, 26 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Неготино, 22 во Кочани, 17 во Кичево, 13 во Струга, 12 во Ресен, десет во Пробиштип, по девет во Дебар, Берово и Свети Николе, по осум во Крива Паланка и Радовиш, седум во Валандово, по шест во Богданци и Демир Капија, по пет во Македонски Брод и Пехчево, по четири во Виница и Делчево, три во Крушево, по два во Демир Хисар и Кратово и еден случај е регистриран во Дојран.

Регистрирани се 457 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 128, Прилеп – 50, Кавадарци -33, Неготино – 28, Гостивар – 26, Куманово, Тетово и Велес – по 25, Струмица – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Битола и Кочани – по 11, Берово -10, Валандово – 6, Радовиш – 5, Кичево и Крушево – по 4, Крива Паланка, Делчево и Демир Капија – по 3, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 607.956 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.277 тестови.