Регистрирани 29 нови случаи на КОВИД-19 и 50 оздравени, починати се 6 лица

Во последните 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на КОВИД 19, оздравени се 50 пациенти, а починати се 6 лица, соопшти Министерството за здравство.

Направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово – по 2, Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 50 оздравени пациент од: Скопје – 39, Куманово, Прилеп и Битола – по 2, Виница, Кочани, Кичево, Гевгелија и Свети Николе – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: по едно лице од Скопје (40г), Куманово (78г), Прилеп (95г), Тетово (54г), Штип (61г) и Струмица (73г). Од пријавените,едно лице е починато во домашни, а останатите 5 во болнички услови.

Направени се 3.856 тестови преку: ИЈЗ-345, ЦЈЗ Скопје-79, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово–59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–17, МАНУ-64, Жан Митрев (Филип Втори)-206, Авицена-313, Биотек-444, Систина-137, лабораторија Лаор-615, Синлаб-85, Ремедика-84, Плодност–80, Генеа–83, Никоб лаб-168, ВФВ Медикал-80, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 827.

Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.