30 починати и 572 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 30 лица. Од пријавените, 27 починале во болнички, а останатите 3 лица во домашни услови.

Починале 10 лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г) и по едно лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).

Во последните 24 часа се потврдени 572 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 287 случаи во Скопје, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10 и по 9 случаи во Охрид и Струга.

Потоа, регистрирани се по 8 случаи на Ковид-19 во Штип и Свети Николе, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2 и по 1 во Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица.

Регистрирани сe 694 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип  – 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2 и по 1 од Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.229.600 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.511 тестови.