#РаскажиМи & #dumainsumma: „Самовила“ од Анастасија Василева

Овојпат преку понеделничката рубрика #ИнстаПоезија во #РаскажиМи ја објавуваме песната „Самовила“ од Анастасија Василева.

Песната беше напишана од Анастасија на работилницата за креативно пишување за млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, инспириран од цртежот „Црна самовила со рог од еднорог на црвена позадина во стил на југословенска графика“ на менторките Ивана и Марија. Цртежот на Ивана и Марија е генериран со помош на вештачка интелигенција, преку употреба на кирилски формули.

Цртежите на книжевните ликови генерирани со вештачката интелигенција и расказите напишани за нив од страна на учесничките, се собрани во големата книга „FEMZINE“ изработена од уметникот Јован Јосифовски.

Самовила

Ти да спиеш, а јас 

да те бакнам 

нежно на образот.

.Толку.

По кирилската формула за креирање на ВИ слика: „Црна самовила со рог од еднорог на црвена позадина во стил на југословенска графика“ од Ивана и Марија

Петочната рубрика #РаскажиМи го промовира македонскиот јазик и современата фикција преку домашни и странски автори кои пишуваат или се преведени на мајчин јазик.

Заинтересираните за објавување на свој расказ во рубриката #РаскажиМи свои дела може да пратат на info@radiomof.mk,  со куса биографија.