[Радио МОФ @ Галерија 8] Паб квиз за првпат во Скопје

Оваа среда за прв пат во Скопје ќе се организира Паб квиз. Темата на вечерта е филмови, а местото на настанот е Галерија 8.

[Радио МОФ @ Галерија 8] Паб квиз за првпат во Скопје

Пријавување за квизот ќе трае од 21 до 22.30 часот. Тимовите можат да содржат до 5 членови, при што влезот за еден тим чини 100 денари.

За најдобрите следуваат награди, а вечерва квиз мајстор е Петар Антевски.

Концептот на „Паб квиз“ е развиен во доцните 70-ти од страна на Burns & Porter Associates кои ја примениле оваа форма на забава во неколку независни пабови. Многу брзо ова се развива во национално здружение кое вклучува повеќе од 10.000 тимови кои се натрпеваруваат во неделните пабски лиги.

Истражување од 2009 година вели дека бројот на неделни пабски квизови во Англија достигнува до 22.445,  додека еден веб сајт во Америка има забележано 2.000 квизови неделно. Повеќе информации http://goo.gl/ns7wkB.