Првото уредување на Википедија продадено како НФТ за 750.000 долари на аукција

Коосновачот на Википедија Џими Велс на аукција продаде уникатен дигитален токен НФТ за првото уредување направено на веб-страницата, пренесува „Си-Ен-Ен“. Велс ги напиша зборовите „Здраво свету“ по лансирањето на Википедија на 15 јануари 2011 година, а моментот е овековечен во НФТ кој се продаде за 750.000 долари во средата, велат од Аукциската куќа Кристи.

НФТ е дел од дигитална содржина поврзана со блокчејн, дигитална база на податоци што ги поткрепува криптовалутите, како што се биткоинот и етериумот.

Тие ги трансформираат дигиталните уметнички дела и другите колекционерски предмети во единствени, проверливи средства со кои лесно се тргува преку блокчејн и забележаа огромен скок на интерес во светот на уметноста.

Аукциската куќа првично процени дека дигиталниот токен ќе достигне цена помеѓу 100.000 до 150.000 долари. Специјалистот Питер Кларнет од аукциската куќа рече дека резултатот „го нагласува зголемениот интерес за историјата на интернетот меѓу колекционерите“.