Прв пат од септември без починати лица, регистрирани 8 новозаразени од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека за прв пат по 2 септември, 2020 година, не е регистрирано ниту едно починато лице од КОВИД-19. Оттаму дополнуваат дека вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа им влева надеж дека крајот на агонијата е блиску.

„Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“, додаваат од МЗ.

Од министерството истакнуваат дека во последните 24 часа се регистрирани осум нови случаи на КОВИД-19 и тоа три во Скопје, два во Тетово, додека по еден нов случај од вирусот е евидентиран во Кичево и Охрид.

Регистрирани се девет оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437“, се вели во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања.