Протестот против поскапувањето на струјата продолжува во Скопје, во петок

Овој петок со почеток од 18 часот, во паркот Чаир е закажан уште еден протест против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто.

Како што наведуваат организаторите, собирот е во паркот Чаир и ќе се маршира се до Влада.

„Бараме доброволци од сите населени места во Скопје и околина да се пријават во советот на протестот за да заедно организираме и што повеќе да ја мобилизараме масата за масовен протест. Доброволците треба да се јават, да ги остават своите лични податоци како и населеното место и контакт телефонот“, стои во најавата за протестот.

Демонстрантите на минатонеделниот протест во Скопје кој заврши пред Владата, покрај барањето за итно поништување на последната одлука на РКЕ, меѓудругото, побараа и нејзино распуштање, а побараа и да се формира независно арбитрарно тело за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Минатата недела покрај протестот кој се одржа во Скопје, беа организирани протести и во неколку други градови, односно, во Гостивар, Тетово, Куманово и Дебар.

Во неколку градови синоќа одржани протести против поскапувањето на струјата