Протест на опозицијата и блокирање крстосници во Скопје од 15 до 17 часот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави нови протести и блокирање крстосници во Скопје како реакција на притворањето партиски активисти и членови за насилствата во Собранието на 27 април.

Од опозицијата најавија дека дека од 15 до 17 часот ќе ги блокираат крстосниците кај Мавровка, кај Порта Влае, кај мостот Близнак во Ново Лисиче и кај „Рампа“ во Кисела Вода.

Протест ќе има и пред Министерството за правда денеска во 18 часот.

Судот денеска информира дека на 13 осомничени за насилствата им определил притвор од 30 дена, а на шестмина им е одреден домашен притвор.