Протест на ТВ вести, битолски презентер со маска поради загадувањето

Презентерот на битолската регионална телевизија Орбис Методија Куновски, вчерашните вести ги водеше со маска на лицето, во знак на протест поради загадениот воздух.

Запрашан која е пораката која сакал да ја испрати, Куновски на социјалните мрежи кратко напиша: „Нема воздух за дишење“.

Битола, последниве неколку денови, е меѓу најзагадените градови во Македонија. Секојдневно количината на штетните ПМ10 суспендирани честички шест до седум пати ја надминуваа дозволената граница. Додека во вторникот, во вечерните часови, загадувањето за десет пати го надмина максимумот.

Концентрацијата на ПМ-10 честички во воздухот во Битола последниве седум дена според мерните станици на Министерството за животна средина